На стапалата и рацете детално е претставена мапата на целиот наш организам, со тоа што левото стапало кореспондира со левата страна, а десното со десната страна од телото. Во Јапонија постои пауза за ручек и пауза за рефлексологија, бидејќи Јапонците сметаат дека со масажа на стапалата му обезбедуваат дополнителна сила на телото за да го издржи напорниот ден. Во Холандија, пак, со рефлексологија лекуваат сериозни болести, меѓу кои е и мултиплекс склерозата. За тоа е потребна голема упорност, трпение и истрајност, затоа што понекогаш до првите резултати некогаш треба да се чека и до една година, а третманот се врши еднаш неделно.
Кинеските доктори имаат направено прецизни мапи на рефлексните зони на стапалата и рацете уште пред 5.000 години, од кога и се применува оваа вештина. Рефлексологијата е најприсутна во источните култури, популарна е во Европа и Америка, а од 2007 година е призната и кај нас како традиционален метод на лекување.

Ако стапалата не ви се здрави, тоа влијае на тоа како живее и како ви функционира целиот организам. Со масажа на рефлексните точки на стапалата, терапевтот може да ја открие нерамнотежата во некои делови на организмот и со одредени техники на масажа, користејќи се со палецот и прстите, да ги стимулира пред да се манифестира таа нерамнотежа како симптом за некоја болест. Кога ќе се одлокираат сите нерамнотежи, се овозможува повторен проток на животна енергија, а организмот се враќа во рамнотежа. Она што најмногу им се допаѓа на докторите кај оваа алтернативна пракса е тоа што таа не е замена за класичната терапија, туку е комплементарна. Значи, секако послушајте го докторот, но слободно пробајте ја и масажата на точките на стапалата, кои ќе го стимулираат работењето на органите. Немате што да загубите, а можете многу да добиете.

refleksologija

1. Глава

Врвот од палецот е директно поврзан со главата и мозокот. Масирањето на коренот на палецот ја олеснува главоболката и помага за подобрување на здравјето на мозокот и за концентрација.

2. Очи

Масирањето и притискањето на областите под коренот на вториот и третиот прст на ногата помага за многу очни проблеми – од проблеми со видот, преку суви очи, се до црвени очи.

3. Тенко црево

Масирањето на областа во средина на стапалото го подобрува варењето и здравјето на тенкото црево. Многу помага и кај оние кои страдаат од надуеност.

4. Бели дробови

Според рефлексологијата, овој орган е директно поврзан со средниот дел на ,,перничињата,, под прстите. Масирањето ќе им овозможи дишење на асматичарите, а ќе помогне и при сите проблеми со белите дробови.

5. Половина

Долниот дел на грбот е поврзан со петата. Затоа масирањето на овој дел ќе им помогне на оние со хронични болки и ишијас.

6. Врат

Како што врвот на палецот е поврзан со главата, така долниот дел, кој ја држи, одговара со вратот. Масирањето на овој дел најмногу помага при болки и вкочанетост на вратот.

7. Срце

Иако сите проблеми со срцето бараат итен преглед од доктор, сепак масирањето на овој дел од левата нога го чува здравјето на срцето и на целиот циркулаторен систем.

8. Колена

Оние кои страдаат од хронични болки во колената можат да се обидат да си ги олеснат со масирање на надворешниот дел од петата.

9. Желудник

Иако постојат многу прехранбени промени кои ќе ја олеснат работата на желудникот, сепак не е лошо да се обидете да го масирате овој дел од стапалото за да ја смирите киселината, надуеноста и сл.

10. Тироидна жлезда

Нарушувањата на работата на тироидната жлезда се честопати скриени и затоа е секогаш добро да проверите на доктор дали страдате од хипертиреоза или хипотиреоза. Но, масажата на овој дел од стапалото може да биде добар сојузник во работењето на жлездата која страда поради стрес.

11. Црн дроб

Рефлексолозите не се согласуваат во целост кој дел од стапалото одговара на овој важен орган. Додека едни тврдат дека за работа и здравје на црниот дроб важно е да се масира надворешниот дел од средината на десното стапало, други сметаат дека тој дел треба да се масира, но и на двете стапала.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина