Направете брзо и лесно здрав и вкусен чоколаден мус со освежителни ливчиња нане…

Состојки за 4 чаши:

  • 350 гр. тофу сирење

  • 100 гр. чоколада (со минимум 70% какао)
  • 10 урми
  • 2 – 3 лажици исечкани листови свежо нане

Подготовка:

Прво истопете ја чоколадата на пареа. Тофу сирењето измиксајте го во блендер заедно со урмите (на кои претходно сте им ги извадиле семките) и нането. Миксајте додека не добиете компактна смеса. Потоа на оваа смеса додадете ја растопената чоколада. Кога се ќе се соедини убаво, истурете го мусот во стаклени чаши и украсете со рендана чоколада или листови нане. Може да се служи топол или оладен во фрижидер.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина