Важноста на електролитите
Супстанции кои со растворање во течност се претвораат во позитивни и негативни јони се нарекуваат електролити, а се делат на калиум, магнезиум, хидроген фосфат, натриум, калциум и хлорид. За да се оддржува еден живот, потребни се позитивно наелектризирани честички, а функцијата им е правилна размена и спроведување електрични сигнали ви и вон животот.
Во организмот овие супстанции се внесуваат преку храната и пијалоците. Освен што е важно внесувањето електролити во организмот, исто така е важна и нивната рамнотежа во организмот, која се оддржува со начинот на живот и со правилната исхрана.
Недостигот на електролити може да се препознае по следниве симтоми:
- Губење на свеста
- Грчеви во мускулите
- Декоцентрација
- Дигестивни потешкотии
- Раздразливост
- Вртоглавици
- Проблеми со дишењето
- Нарушување во нервниот систем
Електролилите се грижат за pH на крвта, ја регулираат рамнотежата на течностите и ги оддржуваат функциите на нервите и мускулите. Важни се за ензимските реакции, коскената маса, крвниот притисок, хормонската рамнотежа, искористливоста на глукозата, функциите на дигестивниот тракт и за регенерација и обнова на ткивата.
Секој електролит има одредена функција во организмот, а количината се проверува со тестирање на урината и крвта како и со мерење на бубрежната функција. Нивото на електролитите го регулираат надбубрежните жлезди и хормоните на бубрезите.
Калиум
Калиумот е главниот внатрешноклеточен катион неопходен за бубрежната, срцевата и мускулната функција. Помага во регулирањето на pH на урината во крвта, ја поттикнува детоксикацијата, ублажува здрвеност на зглобовите, го регулира крвниот притисок, учествува во искористување и разградување на јагленохидратите и ги ублажува главоболките. Го има во бананите, кајсиите, авокадото, портокалите, доматите, белиот грав и во спанаќот .
Магнезиум
Магнезиумот има важна улога во чистењето на организмот. Тој се грижи за функционалноста на нервите и мускулите, за рамнотежата на телесните течности, го чува срцето, го оддржува здравјето на забите и коските, го јакне имунитетот и го регулира шеќерот во крвта. Извори на магнезиум се: јаткастите плодови,чајот, морковите, сувото грозје, интегралните житарки, мешунките, зелениот лисјест зеленчук, кафето, какаото, бананите и магдоносот.
Хлорид
Хлоридот ја оддржува pH на телесните течности, го регулира варењето и го оддржува здравјето на нервите и мускулите, а може да се пронајде во природно непреработената храна и во солта.