Какви се опасности се кријат во коцките мраз?
Иако оние луѓе кои имаат здрав имунолошки систем се отпорни на бактериите во мразот, микробиолозите велат дека не е познато какви последици врз здравјето може да има нивната долгорочна употреба, па затоа е потребно мразот да се третира на правилен начин. Еве какви се опасности се кријат во коцките мраз.
1. Во апаратите за мраз се акумулираат бактерии. Овие бактерии ја контаминираат водата во текот на процесот на смрзнување и настанувањето на мразот. Ледоматите воглавно не се третираат како останатите кујнски апарати т.е. не се чисти поради предрасудите дека не се валкани. Меѓутоа, тоа е погрешно. Тие треба редовно да се чистат.
2. Најголем виновник за контаминација на мразот е мувлата. Иако студените температури не го поттикнуваат создавањето на мувлата, до проблем доаѓа ако ледоматот често се гасне. Тогаш доаѓа до топење, насобирање на влагата и, на крај, до создавање мувла. Ледоматите треба задолжително да се чистат пред употреба, посебно ако долго време не се употребувале.
3. Бактериите ја обожаваат и лопатката за мраз. Ако келнерот ја зема лопатката за мраз со неизмиени раце и потоа ја врати во ледоматот, бактериите од неговите раце преминуваат во апаратот и директно на мразот. Истото се однесува и на ,,домашното,, вадење на мраз. Секогаш мијте ги рацете пред да почнете со нив да вадите мраз. Микробиолозите предупредуваат дека мразот може да претставува сериозен извор на зараза и затоа треба внимателно да се постапува со него.