Афа алгите се посебен вид на модрозелени алги. Создадени од пред 3 милијарди години, тие се првиот познат облик на живот на Земјата. Нивниот развој бил од непроценлива важност за понатамошната еволуција на животот каков што го познаваме денес. Важноста на овие али во исхраната им е позната на луѓето ширум светот веќе илјадници години. Раните цивилизации, вклучувајќи ги Ацтешките и Африканските племиња, ги употребувале овие алги како дополнителен извор на потребните белковини.

Природното живеалиште на овие алги се наоѓа на надморска височина од 2000 метри, во чистата и недопрена утроба на Кламатското езеро во Северна Америка. Околината богата со минерали, вода која доаѓа од геотермални и вулкански извори е заслужна за нивниот исклучителен состав. Составени од меки белковини и полисахариди. Лесно се сварливи, бидејќи содржат повеќе од 20 природни антиоксиданси, 68 минерали и 70 елементи во трагови. Способноста на мозокот за производство на невротрансмитери е контролирана од количината на аминокиселини во крвотокот. Аминокиселините и афа алгите ја минуваат крвно – мозочната бариера и ги градат трансмитерите во мозокот. Тие се одличен извор на бета – каротен, како и на групата Б-витамини. Во поголеми количини содржат железо, цинк, селен, магнезиум, 20 аминокислеини и важни ензими. Еден од најединствените извори се на омега-3 масни киселини во урамнотежен сразмер со омега-6 киселините. Сите наведени природни нутриетиенти имаат голема вредност за човечкиот организам. Витамините од Б-групата и магнезиумот играат важна улога во намалувањето на стресот. Аминокиселините се важен градбен елемент за создавање на невротрансмитерите. Антиоксидансите и омега-3 масните киселини се неопходни за здравјето на нервните клетки. Сите овие факти се показатели за единственоста на нутритивниот состав на Афа алгите, но и одговор зошто овие алги се наречени еликсир за мозокот.

Го потпомагаат здравјето на сите човекови органи

Колку нашата храна е пообработена, толку таа станува посиромашна со минерали. Клучот за решавање на недостигот на минерали се наоѓа во воведувањето на недопрена, дива храна во нашата секојдневна исхрана, која продира директно во нашата крв и клетки. Афа алгите се природна, недопрена храна која има неверојатен ефект врз човековото здравје. Еве кои се се бенефитите од овие алги.

  • Опуштаат и штитат од стрес
    Витаминот Б и магнезиумот во афа алгите помагаат во борбата против стресот. Даваат енергија, издржливост и сила.
  • Го чистат организмот и спречуваат појава на рак
    Афа алгите се богати со хлорофил, силен природен антиоксиданс. Хлорофилот ги врзува за себе отровите и тешките метали и ги исфрла од организмот. На тој начин штити од многу болести поврзани со присутноста на тешките метали во организмот, вклучувајќи го и ракот.
  • Го хранат мозокот
    Способноста на мозокот за производство на невротрансмитери е контролирана од количината на аминокиселините во крвотокот. Според истражувањата, аминокиселините во афа алгите ја минуваат крвно – мозочната бариера и ги градат невротрансмитерите во мозокот.
  • Го подобруваат имунитетот
    Нуклеинската киселина која е застапена во Афа алгите допринесува за раст и регенерација на нашите клетки и го подобрува имунитетот.
  • Помагаат при анемија
    Исклучително богати со железо, афа алгите можат да му помогнат на организмот во борбата против анемијата. Исто така можат да послужат и како одличен додаток во исхраната на вегетаријанците и веганите.
  • Помагаат во сиптомите на менопаузата
    истражувањата на доктор Сколио, спроведено врз 20 жени, покажало дека афа алгите имаат позитивни ефекти врз симптомите на менопаузата.

Освен сето ова, се докажало дека овие алги доведуваат до 30% – 40% подобрување кај проблеми поврзани со депресија и анкциозност. Афа алгите содржат повеќе протеини од кој било друг организам – растителен или животински. Неверојатен факт е дека профилот на амиокиселини кои се содржат во овие алги се речиси идентични со оние во човечкото тело. Тоа ги прави афа алгите идеална храна за сите луѓе – од спортисти до постари и болни луѓе.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина