Состојки:

1 филџан сварен ориз

суви зачини по вкус

мелен црн пипер

1 врзоп магдонос

3 лажици смелен печен интегрален сусам

Подготовка:

Во изладениот сварен ориз додадете ги зачините, црниот пипер, сусамот и ситно исецканиот магдонос. Масата добро се меси и се остава околу половина час. Потоа се формираат тенки ќофтиња и се пржат во кокосово масло неколку минути од едната и од другата страна, додека не добијат убава златна боја.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина