Состојки:

 

  • Зоб : Вода = 1 : 5
  • 1 мера зобени снегулки
  • 5 мери вода
  • прстофат морска сол
  • по желба 1/4 стапчиња ванила (или екстракт)
  • по желба кафеав шеќер/јаворов сируп/јачменов слад или сл.

 

 

Подготовка:

 

Мерката (на пример, помала шолја) зоб, сол (+ по желба иситнетото ванила стапче и неговите одделени семки) се натопуваат во 2 мери вода (еден час или цела вечер), потоа се ставаат во блендер на десеттина секунди, додека зобот добро не се иситни и течноста не побели. Потоа во блендерот се додаваат преостанатите 3 мери вода и се остава да се мелат уше некое време на најсилна брзина. Добиеното млеко се цеди од зобената каша и од остатоците од ванила стапчињата.

 

По желба, млекото се засладува пред да се иситнат зобените снегулки или пред самото користење. Се чува во стаклено шише, во ладилник. При готвење се згуснува.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина