Зелката, една од омилените салати, подеднакво се користи и како лек. Зелката содржи висок процент на витамин Ц, а е богат и со фосфор, железо , калиум и магнезиум. Одличен избор е доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, бидејќи во 100 грама зелка има само 40 калории и 90 отсто вода.

zelka_naslovna

Од друга страна, богата е со протеини, витамин Ц и бета каротен. Исто така, содржи значителна количина  од минералите калиум, железо, магнезиум , сулфур и бакар. Она по што особено се издвојува е добриот сооднос на калциум и фосфор, заради кој телото лесно го искористува калиумот од овој зеленчук. Сокот од зелка го лечи воспалението на желудникот и на дебелото црево. Доволно е само да се испиете чаша сок од свежа зелка помеѓу оброците секој ден.

Зелката е богата со целулоза , која значитечително го подобрува варењето на храната и го чисти организмот. Зелката помага при воспаленија, па затоа често се ставаат облоги од зелка, а превентивно се користи за кашлање и настинки. Зелката содржи тартронска киселина која го забавува претворањето на шеќерот и другите јаглехидрати во масти . Затоа често се користи во диететските програми. Свежата зелка, било дали се работи за салата или сок, има антивирусни и антибактериски својства. Го забрзува метаболизмот на естрогените и штити од рак на дојката и грлото на матката. Ако зелката ве дуе, извадете го коренот и тврдата надворешност и користете ги само лисјата.

Доколку имате проблем со варената зелка, и не ви одговара, подготвувајте ја на пареа. Зелката е богата со минерали , витамини и хлорофил, па затоа е препорачлива за слабокрвните.

 Кинеска зелка

 Иако не е толку популарна во нашата исхрана, кинеската зелка содржи помалку целулоза, побрзо и полесно се подготвува, па затоа е препорачлива за сите кои имаат проблеми со варењето на  целулозата. Покрај тоа, кинеската зелка ја стимулира регенерацијата на клетките, па затоа е идеална храна за оние кои се скоро оперирани.