Древните Кинези лекувале многу болести со циметот, вклучувајќи и стомачни болки, диареја и надуеност. Можеби ќе звучи чудно, но циметот можете да го користите и за губење на вишокот килограми. Но, не можете да очекувате да загубите десетици килограми само ако го користите дневно, но неговото редовно негово земање секако може и ќе ви помогне со сигурност да ги загубите тие неколку дополнителни килограми. Циметот помага да се активира губењето на килограмите со помош на овие два механизми:

Циметот го контролира нивото на шеќер во крвта: одржувањето на нивото на шеќер во крвта е неопходен елемент во губењето на килограмите. Во зависност од храната која ја јадете, нивоата на шеќер во крвта горе – долу се зголемуваат по секој оброк. Кога ви се зголемени нивоата на шеќер, организмот ослободува повеќе инсулин, кој ја транспортира гликозата до клетките, така што да може да се искористи како енергија. Исто така, ја транспортира и секоја дополнителна гликоза и ја складира во форма на маст. Соединенијата кои се содржат во циметот можат да ги контролираат овие неправилности.

Циметот е исто така познат по своите терогенетски ефекти. Кога се консумира, телото реагира хемиски за да го свари циметот. Оваа реакција го забрзува метаболизмот со цел да ја надомести дополнителната топлина која се создава како резултат од консумирањето на циметот. Кога ќе се забрза метаболизмот, горите повеќе калории и побрзо ги губите килограмите.

Полифенолите пронајдени во циметот се чини дека се способни да ги спречат симптомите на отпорност на инсулинот. Истражувањата покажале дека испитаниците со метаболичен синдром на кои им бил даден екстракт од цимет покажале намалени нивоа на шеќер во крвта, понизок притисок, понизок процент на телесни масти и повисока телесна маса од оние на кои им бил даден лек без цимет. Консумирањето на 1-6 гр. цимет дневно четириесет денови секогаш се покажувало дека ги намалува нивоата на шеќер во крвта, вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот кај оние кои имаат дијабетес тип 2. За крај, екстрактот од цимет се има покажано дека ги подобрува нивоата на гликоза, толеранцијата на гликоза и чувствителноста на инсулин кај луѓе со отпорност на инсулин.

Како можете да го користите циметот за намалување на вишокот килограми?

Најверојатно најлесниот начин е да го наросувате врз вашите омилени оброци, Наросете го врз житарки, овесна каша или овошја наутро или ставете малку од него во чај или кафе. Дури можете да го ставите и во јогурт и млеко.

Пијте мешавина од цимет и мед. Измешајте една лажичка цимет во шолја со врела вода. Оставете да се олади 15 минути, а потоа додајте лажичка мед. Оваа мешавина треба да ја пиете секое утро. Оваа мешавина ќе го намали ризикот од срцеви болести, холестеролот и ќе ви помогне да го загубите вишокот на килограми така што ќе ве направи да се чувствувате сити подолг период и ќе го потисне апетитот.

Масла од цимет користете во млеко, смути напитоци или чај.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина