Сте забележале дека ви се појавило стомаче? Не е ни чудо. За време на зимата сте се гостеле и сте ,,заработиле,, неколку килограми вишок, а слабото движење направило да ви се опуштат мускулите, посебно оние на стомакот, половината и задникот. Затоа е време да почнете со вежби за нивно јакнење и затегнување. Ако ги правите овие вежби секој ден, веќе по само две недели ќе го постигнете посакуваниот ефект – затегнато и секси тело.

Вежба за јакнење и обликување на стомакот и половината

Легнете на десната страна, лакот потпрете го на подот. Левата нога префрлете ја преку десната, а потоа подигајте го телото, се додека не почувствувате затегнување во стомакот. Левата рака свиткајте ја пред стомакот, а потоа движете ја нагоре и испружете ја. Повторете ја вежбата три пати. За сето време мора да останете во истата положба. Направете го истото и на другата страна.

Вежба за опуштање

Седнете на под, испружете ја левата нога, десната нога свиткајте ја во коленото и префрлете ја преку левата. Горниот дел од телото завртете го во десно, десната рака свиткајте ја зад телото, а лактот од левата рака потпрете ја на коленото од десната нога. Потоа полека вртете ја главата во десно, се додека не почувствувате затегнување во половината, односно затегнување на попречните стомачни мускули. Избројте до 30, а потоа опуштете се. Вежбата направете ја уште еднаш. А потоа истото повторете го и на другата страна.

vezba-za-opustanje

Вежба за јакнење и затегнување на стомакот и задникот

Потпрете се на левата нога, така што со телото да формирате агол од 90 степени. Десната нога испружете ја наназад. Рацете свиткајте ги пред градите, така што ќе ги споите дланките и лактите. Обидете се да ја свиткате левата нога и да ја испружите, а притоа да останете исправени. За време на изведување на оваа вежба, затегнете ги стомакот, грбот и задникот. Повторете ја вежбата пет пати со двете нозе.

Вежба за опуштање

Потпрете се на левата нога, а десната свиткајте ја и префрлете над коленото од левата нога. Десната рака потпрете ја на коленото од десната нога, а левата рака на стапалото од десната нога. Горниот дел од телото поткренете го кон напред и затегнете ги рамењата наназад. Задржете 20 секунди, а потоа опуштете. Повторете два пати на двете страни.

Вежба за затегнување на стомакот

Застанете исправено и затегнете го стомакот. Ставете ги рацете на средина од главата и со целото тело подигајте се нагоре, туркајќи ја карлицата кон напред со затегнат стомак. Оваа вежба правете ја неколку пати дневно, бидејќи е одлична за затегање на стомакот.

 

Вежба за јакнење на стомакот и грбот

Легнете на грб. Кренете ги нозете во вис и прекрстете ги. Затегнете ги прстите на нозете. Рацете испружете ги нагоре колку што можете најмногу. Подигнете ги главата и рамењата. Потоа почнете полека да ги спуштате рацете кон колената и опуштете ги рамењата. Единствено не треба да ја спуштате главата на подот. Повторете ја вежбата 10 пати.

Вежба за опуштање

Легнете на стомак, со колковите ,,залепени,, за подот. Подигнете го горниот дел од телото. Рацете испружете ги напред и подигнете ја брадата. Подигајте ги рамењата, се додека не почувствувате затегнување. Потоа опуштете се и повторете ја вежбата уште два пати.

 
 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина