limon_naslovna

Кога сме настинати и имаме грип прво што ни паѓа на памет е да земеме чај со многу лимон. Општо познато е дека лимонот е преполн со витамин Ц и Б, богат е со антиоксиданси, протеини, флавоноиди…Но, за што друго е лимонот добар?

Сокот од лимон се користел во стариот Египет како противотров, во Индија и ајурведската медицина се користи за лечење на црниот дроб. И до ден денеска лимоновата кора и сок често се користат за прочистување на црниот дроб, вишок на желудочна киселина, лошо варење и слично.

Лимоновиот сок е добар за кожата

Лимоновиот сок поседува антибактериски, антивирусни и имуносупресивни супстанци. Токму затоа лимонот често се користи во козметиката и е познат во народната медицина како средство кое ја чисти кожата и ги лечи акните и митесерите, ги отсранува старечките пеги, лузните, дамки на рацете, разните маснотии на кожата, брчките… Витаминот Ц и алкалинот во неговиот состав се оние кои се борат против бактериите во и на кожата.

Егземата исто така може да се лечи со облога од топла вода, мед и лимон.

Маслото од лимон и мед може да се користи и за каснувањата од инсектите, а доколку го помешате со масло од бадем, јојоба или авокадо ќе добиете маст за проширени вени.

Еве и еден рецепт за подготовка на маска со лимон- Секоја вечер пред спиење масниот дел од лицето или акните премачкајте ји со лимонов сок и потоа посипете го со беби пудра. Постапката повторете ја се додека не исчезне акната или маснотијата (митесерот).

Лимон против настинки

Исто така, лимонот е прва помош при настинките. Помешајте лимонов сок со вода за излечување на болното грло, додадете малку сол ако ви се воспалени крајниците. Додате сок од лимон во чај за да ја спуштите температурата и да ја спречите мачнината. Пијте лимонов сок против уморот, а после напорно вежбање заменете го со елекролити.

Еве уште еден лек против засипнатост- Секој час пијте по една супена лажица свежо исцеден лимонов сок, а навечер пијте по една чаша топло млеко во кое сте ставиле изматена жолчка со мед.

Лимонот- помагател на варењето

Наутро, на празен желудник, топлата вода со лимон ќе ви го исчисти организмот. Го олеснува проблемот со едемот, дејствува како диуретик, ги спречува нападите на глад, ја одржува телесната тежина, го освежува здивот…

Лимон против висок притисок

Се советува да земете еден поголем лимон(непрскан) и една главица кромид со иста тежина, па измелете ги на машина за мелење месо. Додате онолуку шеќер колку што лимонот и кромидот заедно тежат и добро измешајте ги. Смесата ставете ја во темен сад и секој ден, наутро, земајте по една лажичка на гладен стомак.

Лимон против срцеви болести

Во едно шише добро измешајте сок од три лимони и една лажичка морска сол. Откако ќе се создаде пена од матењето, лекот е готов и се зема секој час по една супена лажица. Овој лек го јакне целиот организам.

Зошто е добра лимоновата кора?

Лимоновата кора го подобрува варењето, спречува гасови и надуеност, ја подобрува циркулацијата во крвта, го стимулира уринарниот и имунолошкиот систем. Исто така, помага при детоксикација на организмот.