Очите се еден од најважните, но исто така и најчувствителен орган на телото. Здравствени проблеми на очите може да предизвикаат различни симптоми, од блага иритација и црвенило, до повеќе сериозни заболувања кои во крајна линија може да доведат до губење на видот.

Без разлика дали сакате да ви се подобри здравјето на очите или сакате да го одржувате здравјето на видот, ние  ќе ви прикажеме листа на растенија кои дефинитивно ќе ви помогнат. Се разбира, овие растенија нема да  направат  чуда во однос на здравјето на очите, но дефинитивно ќе го подобри. Не заборавајте за правилна нега на очите, редовни прегледи, хигиената и правилна исхрана, која вклучува внесување на адекватни количини на витамини, минерали и каротеноиди.

 

Vidac

Името на ова растение е јасен показател дека се користи во третманот на очни болести и во поттикнување на нивното здравје. Vidac има моќни лековити својства кои го штитат здравјето на очите и помага во спречување на очни болести. Истражувањата покажале  дека vidacot  може да помогне во олеснување на црвенило и иритација на очите, и симптоми на конјунктивитис. Во една студија се покажало дека само една доза на капки vidac, е доволно за да симптомите  на хроничното воспаление на окото значително се намалат. Целосно закрепнување од болести на очите е забележано дури кај  81,5% од испитаниците.

 

Чичково млеко

Очите се огледало на душата, но експертите велат дека очите се огледало на здравјето на вашиот црн дроб. Заматен и оштетен вид може да биде симптом на здравствен проблем на црниот дроб, што укажува дека она што е лошо за вашиот црниот дроб исто така е лошо и за вашите очи. Иако чичковото млеко и нејзините главна активна состојка silymarin, најчесто се користи за зголемување на здравјето на црниот дроб, исто така може да го зголеми здравјето на вашите очи. Црниот дроб помага во одржувањето на здравјето на вашиот вид, бидејќи ги зачувува витамините растворливи во масти кои се од суштинско значење за да се подобри видот и здравјето на очите. Истражувањата покажале дека silymarin може да помогне во спречување на болест на окото кај дијабетичарите. Тоа може да го намали нивото на слободните радикали и го регулира шеќерот во крвта.

 

Гинко билоба

Со векови, се користи како лек за очи и централниот нервен систем. Гинко билоба ја подобрува циркулацијата и го стимулира протокот на крв во очите. Гинко билоба може да помогне во ублажување на симптомите на макуларна дегенерација и глауком. Корејски научници го анализирале функционирањето на екстрактот од гинко билоба кај пациенти кои страдаат од глауком. Тие откриле дека нивниот вид значително се подобрил.

 

Анасон

Ако вашите очи се воспалени или водени, анасон може да помогнат во ублажувањето на овие симптоми. Сировиот анасон или  чајот од анасон може да ги ублажи симптомите на повеќе сериозни воспаленија, како што се катаракта или глауком. Во една студија се покажало  дека екстрактот од анасон може да го намали нивото на интраокуларниот притисок.

Шафран

Оваа кулинарска билка често се користи за подобро здравје на очите и видот, особено за ублажување на симптомите на катаракта. Во една студија се покажало дека луѓето кои секојдневно го користитат екстрактот од шафран,чувствуваат подобрување на видот и здравјето на очите. Во една друга студија, научниците откриле дека шафранот може да помогне да се спречи прогресивниот развој на макуларна дегенерација.

 

Боровинки

Боровинките содржат висок процент на anthocyanosides со кои се стимулира микроциркулацијата и циркулацијата на крвта и во најмалите крвни садови, и во секој дел од телото. Anthocyanosides се соединенија познати по нивните моќни антиоксиданси и анти-воспалителни својства. Боровинките може да ги ублажат симптомите на разни болести, вклучувајќи ретинопатија, макуларна дегенерација, и хронично воспаление на мрежницата.

Истражувањата покажаа дека anthocyanosides може да го стимулира производство на пигменти кои им овозможуваат на очите да се прилагодат на промените на светлината. Покрај тоа, боровинките имаат одлични антиоксидантни својства, благодарение на учеството на витамините Ц и Е. Боровинките се ефикасни во отстранување на несаканите отрови од вашите очи.

 

Зелен чај

Примената на кесички зелен чај  под очите може да помогне во намалување на  подпухналоста и темните кругови под очите. Зелениот чај содржи голема количина на танин и антиоксидантни соединенија. Тој исто така содржи кофеин, со што го стимулира стегањето на крвните садови, кој предизвикува оток околу очите. Неколку студии покажале дека зелениот чај содржи моќни состојки кои го промовираат здравјето на срцето и црниот дроб. Зелениот чај, исто така, содржи лутеин, zeaxanthin, витамин Ц и Е. Ова се сите состојки, кои Истражувањата покажале дека имаат одлично влијание на здравјето на целото тело, вклучувајќи и здравјето на очите.

 

Куркума

Веќе голем број на студии покажале дека куркумата има одлични перформанси на здравјето на целото тело, вклучувајќи го и здравјето на очите. Главната активна состојка во куркума е curcumin, познат по своите  анти-воспалителни својства. Истражувањата покажале дека куркумата е ефикасна во намалување на воспалението и сувост на очите.

 

Екстракт од семе од грозје

Екстрактот од семе од грозје е ефикасен во стимулирање на здравјето на очите. Се препорачува во различни визуелни нарушувања, како што се катаракта, дијабетична ретинопатија или макуларна дегенерација. Екстрактот од семе од грозје содржи голем број на фитохемикалии, вклучувајќи ги линоленската киселина, витамин Е и антоцијани. Овие соединенија имаат антиоксидансна активност во поттикнување на здравјето на очите и да помагаат во спречување болести на очите.

 

Hidrastis

Ова растение е позната по своите благи антибиотични и анти-воспалителни својства, кои можат да се користат за да се подобри здравјето на очите. Кога се користи за испирање на очите, Hidrastis е ефикасен во лекувањето на одредени видови на инфекции и иритации.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз