Секој нов почеток е пред се можност за решавање на сите проблеми од претходниот период. Токму овој период е одлична можност да се започне со некои нови одлуки, да е започне со редовни физички активности, но и со детоксикација. Чистењето од отровите и штетните материи е познат метод уште од времето на старите цивилизации, иако тие во себе немале волку штетни материи во својот организам како ние денес. Притоа не треба да заборавиме и на надворешните влијанија кои ни се ,,вовлекуваат,, во организмот, а тоа се загадениот воздух, но и стресот, поради кои може да се покачи холестеролот. Сакате после напорниот работен ден да се напиете по една чаша пиво или вино или излегувате за време на викендите? Се што не е чаша вино, а според најновите истражувања, и чаша пиво дневно, е вишок кој го акумулира вашиот организам. Постојат неколку начини за прочистување на организмот. Сите се ефикасни. Освен што можете да одберете една од нив која најмногу ќе ви одговара, можете да одберете и повеќе од нив и да ги комбинирате.

1.Сауна

Сауната е сигурно еден од најстарите методи за детоксикација. Потекнува од северните краеви на Европа – Данска, Шведска, Норвешка и Русија, а е позната со векови. Сауната помага при чистењето и подмладувањето на кожата, ослободувањето од стресот, уништувањето на патогените организми на телото, го намалува високиот крвен притисок, ја подобрува еластичноста на артериите, помага при кожни болести, а преку зголеменото потење го ослободува организмот од отровите.

2. Диета

Еден од најчестите начини на детоксикација е диеталната исхрана. Често се употребува Месечевата диета, која го поттикнува исфрлањето на отровите од организмот. Диетите за детоксикација можат да бидат различни – од консумирање само на одредени намирници, кои го поттикнуваат лачењето течности, до пиење чаеви кои го поттикнуваат лачењето, но кои го помагаат чистењето на организмот. За детокс диета најчесто се бираат намирници како што се зелка и одредени овошја, како што се јаболки, круши или ананас, кои исто така помага во излачувањето на течностите. Потоа во диетата се додаваат и други зеленчуци, како што се артичоки, брокула, тиквички, прокељ, цвекло, карфиол и кељ. Поентата на детоксикацијата со храна е да се намали внесувањето на храна, целосно исфрлање на масна, зачинета, слатка и пржена храна од менито, но и умерено внесување на мешунки, интегрален ориз, пченка, семки и др. Значи, не се работи само за одбегнување хамбургери. Не се прават запршки при подготвување на храната, од маслата се дозволени само маслиновото, а чипсот и мајонезот треба да се заборавт. Забранети се исто така и млечните производи за време на периодот на детоксификација.

3.Внесување течности

Се работи всушност за внесување чаеви и вода, природни сокови, без додаток на шеќери и конзерванси. Нутриционистите препорачуваат за почеток на денот да се пие по една чаша млака вода со малку лимонов сок, незасладен, со цел да го поттикне варењето, зелен и бел чај, но и чајот од корен од бел слез се идеални за чистење на организмот, бидејќи го поттикнуваат излачувањето. Во текот на денот освен обична вода може да се консумираат и природни сокови подготвени од цвекло, моркови, јаболки, со додавање малку магдонос.

4. Пост

Најдрастичен и, за некои, можеби најтежок начин за чистење на организмот е постот. Иако познат во многу религии, постот освен верксо значење има големо значење во целосно чистење на организмот од храна. За време на постот, кој не треба да трае подолго од еден ден, се препорачува пиење на барем 2,5 литри вода, но и незасладен чај од коприва, зелен чај, но и мешавина од тревки. Притоа мора да се спомене дека постот не е за секого, посебно не за бремени жени или доилки, но и за оние кои имаат проблеми со бубрезите, желудочни проблеми и слично.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина