Негата на интимната регија на жените е една од најважните теми кога се работи за понежниот пол. За жал, оваа тема се уште е табу и многу често не и се придава големо значње. Симнувањето на ова табу со разговори за начините, советите, препораките и грешките поврзани со интимната нега на жената е од исклучително значење. Здравјето на гениталните регии е клучно ако сакате да бидете среќни, безгрижни и насмеани.

Со оглед на тоа што интимната хигиена е многу важна и е еден од начините да се одбегне појавата на иритации во интимниот предел, вагиналните инфекции и други проблеми, еве кои совети се важни за правилен начин да се одржува истата.

1. Слушање на своето тело

Обратете внимание на знаците кои ви кажуваат дека нешто не е во ред. Невообичаено крварење, вагинален секрет, непријатни мириси, чешање и болка се показатели за инфекции, па дури и за полово преносливи болести. Во тие случаи немојте да се колебате и посоветувајте се со својот гинеколог.

2. Миење на интимните делови

Интимниот дел е еден од најчувствителните делови на телото, па затоа е многу важно какви производи користите за нивно миење. Купките, геловите за туширање, сапуните и слични на нив агресивни козметички производи се едно големо НЕ! Тие содржат парфеми, детергенти и други хемикалии кои ја сушат кожата во овој дел, го нарушуваат нивниот pH баланс и тако го слабеат нејзиниот природен одбранбен механизам. Наместо овие производи, употребете специјализирани гелови и купки кои се посебно дизајнирани за одржувањето на интимните делови.

Уште еден совет – кога се работи за туширањето, во никој случај не смеете да користите сунѓери за капење, бидејќи тие се мало легло на бактерии и микроорганзизми, кои сигурно не ги сакате ни блиску до своите гениталии. Исто така, по односот со парнерот, многу е важно да се истуширате за да ја зачувате интимната регија од можни инфекции или заразни, иако безопасни, но здодевни болести.

3. Одење во тоалет пред и по полов однос

Овој можеби не е толку гламурозен, но исто така е важен совет кој не смее да се прескока. Мокрењето пред и по половиот однос помага во спречување на инфекциите на уринарниот тракт, до кои може да дојде кога во текот на половиот однос бактериите од вагината ќе се пренесат на уретрата. Исто така, многу важно е како ја користите тоалетната хартија. Кога се бришете по мала нужда, секогаш треба хартијата да ја користите кон напред, додека по голема нужда во обратен правец – кон назад. Бактериите од аналниот отвор лесно можат да дојдат до гениталиите и да доведат до бројни компликации.

4. Не користете синтетичка долна облека

Тантелните или сатенски гаќички делуваат секси, но ваквата долна облека му штети на интимното здравје. Материјалите како што е на пример полиестерот, можат да создадат топлина и влажна средина, која ја зголемува опасноста за настанок на инфекции и иритации на надворешниот дел на вагината. Најдобра долна облека е памучната.

5. Редовна посета на гинеколог

Редовните посети на гинеколог се исклучително важни, за да може на време да се забележат инфекциите, неправилностите и ракот на грлото на матката. Можеби прегледот не е најпријатен, но е релативно брз и безболен, па затоа никако не смее да се одбегнува.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина