Реумата и артритисот се болести кои главно настануваат поради претерана количина на мокрачна киселина, млечна киселина и други непожелни состојки, вклучувајќи и високо ниво на холестерол, во крвта. Наведените материи го отежнуваат снабдувањето на крвта со кислород и нормалната исхрана на ткивата околу зглобовите, така што настануваат заболувања проследени со оштетувања на рскавицата. Овие појави и болести често предизвикуваат силни болки. Она што болните од реума треба да избегнуваат да консумираат во исхраната се: месо, масни сирења и месни преработки. Исто така, оние кои патат од реума треба да консумираат повеќе интегрални производи, а помалку производи од бело брашно. Од друга страна, зеленчукот е многу корисен и помага за подобра работа на зглобовите, но исто така и одредено овошје и лековити растенија.

Зелка

 

reuma21

 

Зелката создржи многу витамин Ц, калциум, калиум, витамини А, Б1, Б2 и други лековити состојки. Поздрава е сировата од готвената зелка, а здрави се и киселата зелка и расолот. Освен што е добра и полезна намирница, облозите од зелката се исто така ефикасен лек против ревматски болки, посебно при ишијас и лумбаго. Листовите зелка можат да се исправат и загреани да се стават на болните места.

Риба

reuma31

Благодарение на омега – 3 масните киселини, со кои изобилуваат, болните од реума треба да јадат многу риба, посебно: сардина, лосос, езерска пастрмка, скуша, бидејќи во значителна мера ги спречуваат или барем ги ублажуваат болките и отоците.

Овошје

 

reuma41

Против ревматските болки помага и овошјето, дури и сувото. Посебно се препорачува шумското овошје (малини, капини, дренки, рибизли, боровинки) и јужното (портокали, лимони, грејпфрути, мандарини), бидејќи содржат многу витамин Ц и калциум, но и сувото овошје (смокви, кајсии, урми, сливи), како и јаткастото овошје (ореви, лешници, бадеми), бидејќи е богато со витамин Е и масни киселини. Сето ова ги ублажува воспалителните процеси и болки.

Лук

reuma51

 

И лукот е исто така е корисен во лекувањето на ревматските болести. Најдобар е да се користи сиров. Препорачливо е 3 – 4 чешниња на ден, но доколку се има висок крвен притисок, доволни се по две чешниња дневно.

Соја

reuma61

 

Сојата им дава еластичност на зглобовите. Таа е поздрава од месото и не остава мокрачна киселина во крвта, ниту содржи бактерии, кои се предизвикувачи на оваа болест.

Мед

reuma71

 

Медот, исто така, може да помогне при ублажување на ревматските тегоби.

Два килограми мед се мешаат со две лажици ситно мелени листови и цветови од кантарион, бреза и бел јасен. Се остава смесата да отстои дваесеттина дена на сончево место, а потоа со неа треба да се мачкаат болните места четири пати во денот.

Куркума

reuma81

 

Силните антивоспалителни својства на куркумата долго време биле користени во источната медицина како средство против воспалителни нарушувања, меѓу кои спаѓаат и реумата и ревматскиот артритис. Истражувачите откриле дека екстрактот од куркума го блокира нападот од ревматскиот артритис на начин на кој го спречува протеинот NF-KB да се активира во зглобот, кој е главниот причинител за појава на воспалението.

Јоргован

reuma81

 

Маслото од јоргован е одлично за масирање на болните места. Се прави така што тегла од еден литар се полни со цветови од јоргован, се прелива со маслиново масло до врвот и се држи на сонце 15 дена. Со добиеното масло се мачкаат болните места.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина