Ако претпоставиме дека разбираме зошто размислуваме и делуваме на одреден начин, веројатно грешиме. Децениите психолошки истражувања покажуваат дека луѓето се однесуваат на начин кој е мистериозен и збунувачки – дури и на нив самите.

1. Често се приклонувае кон мислењето на мнозинството, иако е очигледно дека грешат.

Психологот Еш направил експеримент во педесеттите години од минатиот век, во кој учесниците требале да кажат која од трите линии што им ги покажале е најдолга. Една од нив очигледно била најдолга од сите. Притоа секој од учесниците бил опкружен од група луѓе која тврдела дека најкусата линија е најдолга. Три четвртини од учесниците се согласиле со групата. И подоцнежните експерименти, при кои се скенирал мозокот, покажале дека групниот притисок прави луѓето да ја менуваат својата перцепција за реалноста, додека несогласувањето со групата луѓе прави поединци да се чувствуваат емотивно непријатно.

2. Погрешно претпоставуваме дека поголем дел од луѓето го поддржува однесувањето на мнозинството.

Еден од начините за да се објасни ваквиот феномен е никој не верува, но сите мислат дека сите веруваат.” Кажано поинаку, поединци од групите приватно веруваат во едно, но мислат дека сите други во групата веруваат во спротивното.

3. Повеќе ги сакаме оние кои се однесуваат слично како нас.

Веќе е познато дека ако сакаме да добиеме нешто од некого, треба суптилно да го имитираме неговиот/нејзиниот говор на тело. Овој феномен е познат како камелеонов ефект“.

4.Мислиме дека имаме посилно влијание на тоа како функционираат нештата, отколку што тоа е навистина така.

Тоа објаснува зошто мислиме дека сме заглавени во побавниот ред во продавница или во колона во сообраќајна лента. Таа погрешна врска се појавува кога се чини дека две нешта се поврзани, дури и ако не се. Така, кога стоите во ред, забележувате две нешта: редот кој брзо се движи и себеси, а не обраќате внимание на фактот дека всушност сте се приближиле поблиску до касата.

5. Не размислуваме секогаш рационално кога работиме во група.

Како што напишал психологот Бен Датнер на сајтот Psychology Today, „Понекогаш, најдоброто нешто што еден лидер може да го направи за да го спречигрупното размислувањее да истапи од својот тим и да и овозможи на групата да дојде до својот независен концензус пред да биде донесена конечната одлука“.

6. Можеме да бидеме погруби кон другите отколку кон себе.

Често мислиме дека туѓите грешки се резултат на личните пропусти, а дека нашите грешки се резултат на околностите. Ако, на пример, ако некој ве турне на минување, ќе помислите во себе дека е будала, наместо да помислите дека нешто му се случило. Но, ако вие нагазите некого, тогаш сте љубезни и знаете дека тоа не сте го направиле намерно. Но, дали тоа го знае и оној другиот?

7. Не сме свесни што влијае на нашето однесување.

Во една студија, на учесниците им била даденапласебопилула, и им било кажано дека болката ќе се намали при примање електро шокови. Откако ја испиле пилулата, учесниците можеле да издржат и до четири пати поголема болка. Но, кога биле прашани зошто, тие своето однесување не го поврзувале со пилулата, туку давале разни други објаснувања – како, на пример, дека се навикнале и т.н.

8. Мислиме дека сме му попривлечни на некого кого ќе го/ја сретнеме во опасна ситуација.

И други истражувања покажале дека ,,првиот состанок,, треба да биде страшен и возбудлив. Состанокот на кој сте вклучиле и доза адреналин – хорор филм или тобоган, помага да се стимулира возбудувањето во мозокот, и луѓето мислат дека навистина уживаат во вашето друштво.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина