Вегански полнети пиперки
Пристигна сезоната за зимски јадења, кои често знаат да бидат калорични и мрсни. Затоа, секогаш постои начин да ги направите поздрави, а воедно да останат вкусни и хранливи
Состојки:
1 шолја домати пелати
1 и 1/2 лажица коријандер
3 лажици црвен пипер
1/4 лажица
1/8 лажици цимет
3 лажици ладно цедено масло
1 средно голема главица кромид
4 чешниња лук
1 луто пиперче
1 шолја киноа
кељ, ситно исецкан
1/3 шолја суво грозје
сок од еден портокал
1/3 шолја ореви
4 големи пиперки
Подготовка:
Загрејте ја претходно рерната на 180 степени. Пропржете ги коријандерот и куминот на сува тава. Потоа додајте им го циметот и црвениот пипер. Тргнете ги на страна. Посебно, на загреаното масло испржете ги кромидот, лукот, една лажичка сол и лутото пиперче околу 5 минути. Додадете го доматот, коријандерот и куминот и варете околу 3 минути. Потоа додадете ја киноата, 1 и 1/4 шолја вода, промешајте и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете го огнот, поклопете го и варете уште 10 до 12 минути. Во исто време, потопете го сувото грозје во сокот од портокал. Во тенџерето додадете го ситно сецканиот кељ и варете уште 4 минути. На крај, додадете го сувото грозје со сокот од портокал, оревите, ситно сецкани, и зачинете со црн пипер и сол. На пиперките извадете им ги врвовите и наполнете ги со оваа смеса. Наредете ги во плех, во која имате ставено една шолја вода и печете ги 40 до 50 минути. Сервирајте го топло.


