Според Џо Дејвидсон, сексуален терапевт, постојат многу нешта кои сексот ги прави и постојат научни факти кои го поткрепуваат ова. Следат 10 скриени благодети од сексот за кои можеби не сте ни знаеле.

1. Сексот согорува калории

Водечките сексолози тврдат дека сексот согорува калории, а зачестениот секс може да даде подобри резултати и така да придонесе за намалување на прекумерната телесна тежина. Затоа ова е соодветен облик на вежбање за оние кои сакаат да симнат некој килограм, посебно за мрзливите.

2. Сексот го јакне имунитетот

Се однесува на отпорноста при состојби како што се настинката и бројни други инфекции. Се смета дека сексот еднаш неделно ќе помогне во производството на антитела. Високото ниво на овие антитела, кое се зголемува со сексуална активност, ќе ги држи подалеку овие состојби.

 

3. Сексот го намалува стресот

 

Според ‘Biology psychology’, кое е списание кое го издаваат стручњаци од оваа област, пронајдено е дека нивото на стрес е помало и подобро се поднесува кај оние луѓе кои се често ангажирани во секс за разлика од оние кои апстинираат. Стручњаците тврдат дека ќе се намали крвниот притисок и тоа посебно кај жените, што ќе доведе до намалување на стресот. Се смета дека зад тоа стои нискиот дијастоличен притисок, со кој се поврзува сексуалната активност.

4. Сексот го јакне срцето

Многу луѓе знаат да бидат загрижени поради опасноста од секот кога се зборува за оние кои имаат срцеви проблеми. Притоа, сметаат дека сексот може да доведе до мозочен удар, но овие тврдења се побиени. Според британските истражувачи, сексот има токму спротивно дејство, така што објавената студија вели дека сексуалниот однос два или повеќе пати неделно ги намалува можностите за добивање на срцев удар кај половина од машката популација. И тоа, во споредба со луѓето кои ретко се ангажирани во сексуални односи.

5. Сексот ја зголемува самодовербата

Истражувачите од Универзитетот во Тексас дошле до заклучок, по интервјуто што го направиле врз поголем број испитаници, дека сексот им помага на луѓето да се чувствуваат подобро и дека имаат поголема самодоверба. Сексуалните терапевти тврдат дека оваа самодоверба им помага и за понатаму да имаат уште подобар секс.

 

6. Сексот ја јакне интимноста и врските

 

Нивото на љубовниот хормон т.т. окситоцин се зголемува со зачестените оргазми. Овој хормон е во состојба да создаде врска меѓу луѓето кои имаат секс, со што се јакне врската и се подобрува брачната среќа. Научниците од Универзитетот во Питсбург потврдиле дека луѓето со подобри врски имаат почесто сексуални односи.

 

7. Сексот може да ја намали болката

Сексот го испушта хормонот ендорфин во голема количина. Тоа е доволно за да ја намали болката, на пример кај артритис, главоболка или ПМС. Ова го имаат докажано бројни студии.

 

8. Сексот го намалу ризикот од рак на простата

 

Ова е порди зачестените ејакулации. Мажите кои ејакулираат во своите дваесетти години, ќе бидат помалку склони на оваа болест.

9. Сексот ги јакне карличните мускули

Ова се однесува на жените. Тие можат да ги вежбаат своите карлични мускули за време на сексот и овие вежби уште се познати како кегелови вежби. Правејќи го тоа, тие ќе имаат помал ризик од инконтиненција. Кегеловите вежби вклучуваат стегање и отпуштање на овие мускули.

10. Сексот помага при несоница

Истражувањата исто така докажале дека по оргазмот луѓето подобро спијат, поради ослободување на окситоцинот.

Тагови: љубовсекс
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина