Нутриционистите понекогаш си се ,,честат,, со по некоја не толку здрава храна, но постојат некои намирници од кои бегаат како ѓавол од крстот. Ако тие го прават тоа, тогаш треба и ние да ги послушаме и да го направиме истото ако се грижиме за нашето здравје. Еве кои се осумте намирници кои тие ги одбегнуваат по секоја цена:

1. Газирани пијалоци

Газираните пијалоци не се храна, а премногу се консумираат во модерната исхрана. Една лименка содржи 40 грама шеќер, а се што содржи повеќе од осум грама шеќер е претерано. Вештачките, пак, засладувачи во газираните пијалоци придонесуваат за дебелеење и за појава на дијабетес.

2. Гликозно-фруктозен сируп

Оваа состојка често се наоѓа во брзата храна и зачините. Фруктозата 100% се метаболизира во црниот дроб и минува низ Малардовата реакција, односно се формираат супероксидни слободни радикали, кои можат да доведат до воспаление на црниот дроб. Сирупот исто така многу побрзо се претвора во масно ткиво од кои било други јагленохидрати и се поврзува со метаболичкиот синдром и отпорноста на инсулин.

3. Индустриско масло од семиња

Овие масла се високо преработени и хемиски третирани, па обично им се додава мирис за да можат да се јадат. Тие многу брзо оксидираат, што предизвикува создавање на еден куп слободни радикали. Покрај тоа, полни се и со омега – 6 масни киселини, кои предизвикуваат понатамошна нерамнотежа на омега масните киселини во телото. Наместо овие индустриски масла, нутриционистите препорачуваат масла кои имаат висока содржина на омега – 3 и незаситени киселини, како што се оние од кокос, маслинки, макадамија и авокадо.

4. Процесирана соја

Во последниве години, сојата се препорачуваше и за консумирање и за одбегнување речиси во подеднаква мера. Процесираната везија дефинитивно треба да се одбегнува. За време на обработката на сојата се формира слободна глутамиска киселина или МСГ, која е моќен невротоксин. Фитоестрогените во сојата потенцијално можат да предизвикаат хипотиреоза, да доведат до неплодност и да ја зголемат можноста за појава на рак на дојката кај повозрасните жени.

5. Месни преработки

Ова месо обично го добиваме од животни кои се чуваат во затворени простори, во кои се шират зарази и кои се изложени на бројни хормони и антибиотици. Тие се исто така полни и со натриум нитрат, кој се користи како хемиски зајакнувач на вкусот и бојата и како конзерванс. Кога ги внесуваме во телото, тие се претвораат во хемикалии кои предизвикуваат карцином, а можат да се најдат во разни салами, колбаси, шунка и сланина.

6. Пуканки од микробранова печка

Овој вид пуканки претставува голема опасност по здравјето на човекот. Тие се полни со додадени синтетички хемикалии, кои кога се загреваат, автоматски се шират и со нив се шират и самите пуканки. Делуваат штетно на ендокриниот систем, поврзани се со појавата на карцином, зголемениот лош холестерол, намален имунитет, болести на штитната жлезда и неплодност.

7. Маргарин

Маргаринот е високо преработено растително масло кое содржи транс масни киселини. Тој е најфино масло со најслаби квалитети. За време на неговата обработка на висока температура се создаваат слободни радикали кои го зголемуваат ризикот од добивање карцином, срцеви болести и хормонска нерамнотежа. Покрај тоа, маргаринот содржи во себе дополнителни адитиви и хемикалии, како и омега – 6 масни киселини.

8. Безмасни намирници

Fat-free или без масти звучи како нешто добро, бидејќи за повеќето мастите претставуваат нешто лошо, но ваквите намирници се многу нездрави. Прехранбената индустрија почна да ги заменува животинските масти со растителни масла, кои доведоа до зголемување на потрошувачката на транс мастите. А за да можат да го надоместат тоа, производителите почнаа да додаваат големи количини шеќер, меѓу другите нездрави додатоци. Кажано поинаку, рискирате да се здебелите, да добиете дијабетес, срцеви болести и рак.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина