Пристигна сезоната за зимски јадења, кои често знаат да бидат калорични и мрсни. Затоа, секогаш постои начин да ги направите поздрави, а воедно да останат вкусни и хранливи

Состојки:

1 шолја домати пелати
1 и 1/2 лажица коријандер

3 лажици црвен пипер
1/4 лажица
1/8 лажици цимет
3 лажици ладно цедено масло
1 средно голема главица кромид
4 чешниња лук
1 луто пиперче
1 шолја киноа
кељ, ситно исецкан
1/3 шолја суво грозје
сок од еден портокал
1/3 шолја ореви
4 големи пиперки

Подготовка:

Загрејте ја претходно рерната на 180 степени. Пропржете ги коријандерот и куминот на сува тава. Потоа додајте им го циметот и црвениот пипер. Тргнете ги на страна. Посебно, на загреаното масло испржете ги кромидот, лукот, една лажичка сол и лутото пиперче околу 5 минути. Додадете го доматот, коријандерот и куминот и варете околу 3 минути. Потоа додадете ја киноата, 1 и 1/4 шолја вода, промешајте и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете го огнот, поклопете го и варете уште 10 до 12 минути. Во исто време, потопете го сувото грозје во сокот од портокал. Во тенџерето додадете го ситно сецканиот кељ и варете уште 4 минути. На крај, додадете го сувото грозје со сокот од портокал, оревите, ситно сецкани, и зачинете со црн пипер и сол. На пиперките извадете им ги врвовите и наполнете ги со оваа смеса. Наредете ги во плех, во која имате ставено една шолја вода и печете ги 40 до 50 минути. Сервирајте го топло.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.