Без храна можеме долго да издржиме, без вода малку помалку, но без воздух многу кратко. Животот започнува со вдишување, а се завршува со издишување. Едно бебе кога ќе се роди, знае да дише правилно, но низ животот тој спонтан процес на дишење се губи, така што голем број луѓе во современто општество дише површно и испрекинато, што води кон болест.

Без правилно дишење нема здравје

Може да се каже дека тоа е, прд се, последица од натрупаниот стрес и постојаните тензии. Без правилно дишење, невозможно е суштинското здравје. Повеќето луѓе не дишат правилно поради погрешното држење. Менталната напнатост е уште една од причините за неправилно дишење. Кога стомакот ни е во постојано напната состојба, невозможно е да дишеме правилно и длабоко. Исправното дишење е еден од најефикасните облици на психотерапијата. Преку вежбање на дишењето може да се научат многу нешта за сопственото психичко здравје.
Со правилно дишење се совладува и отстранува напнатоста во пределот на стомакот. Така не само што ја зголемуваме енергијата, туку можеме да одбегнеме многу болести кои настануваат поради постојана напнатост, која со тек на време се одразува на нашето физичко здравје.

Како се дише правилно?

Важно е да се дише на нос, бидејќи тој е орган кој е предвиден за таа функција и неговата анатомија е таква што овозможува овој процес да се одвива на најдобар можен начин. Присуството на влакненца во носот ги остранува нечистотијата и прашината. Воздухот влегува и белите дробови се шират, дијафрагмата се активира со движење надолу, што доведува до тоа стомакот да се испапчи. Ако стомакт не се шири значи дека не вдишувате со дијафрагмата, а тоа не е добро. Посебно жените не дишат исправно, како да не сакаат да го испапчат стомакот поради тоа што постојано тежнеат кон тоа да бидат што повитки и да имаат потенка половина. Неретко се случува да дишеме сосема спротивно. Многумина го вовлекуваат стомакот додека вдишуваат и затоа ни е потребно вежбање и упорност за да го усвоиме правилниот начин на дишење и тоа да ни стане спонтано.

Вежба за добро утро

Вдишете и испапчете го стомакот. Притоа почувствувајте како ви се шират ребрата, и на крајот со воздух исполнете го и горниот дел од градите. Направете така неколку пати, а потоа диѓејќи на истиот начин направете ја следнава вежба:
Раширете ги нозете во ширина на колковите. Наведнете се така што главата речиси да ги допира колената, со рацете допрете ги стапалата и испуштете го воздухот целосно. Полека подигајте се со вдишување. Полното вдишување нека биде кога ќе сте сосема подигнати, додека рацете ви се во воздух, а целосено издшивање нека има коа се спуштени долу и кога со рацете ги допирате стапалата. Направете ја оваа вежба неколку пати наутро покрај отворен прозорец или кога ви е потребна малку енергија или опуштање.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина