Есента е времето за настинки, па затоа често течењето на носот, гребењето во грлото или кивавицата ги припишуваме на сезонските вируси. Меѓутоа, доколку овие симптоми ги имате во текот на целата година, постои можност дека сте соочени со поголем проблем – алергија. Како да се утврди дали алергијата е она што ве мачи? Алергиските болести најчесто се дефинираат како променета, премногу чувствителна реакција на имунолошкиот систем на туѓи материи од опкружувањето, кои ги нарекуваме алергени. Иако сами можете да препознаете некои од овие симптоми, најсигурниот начин за да проверите дали се работи за алергија, е да се подложите на тест за утврдување на алергија. Со овие тестови се утврдува која е причината која ја предизвикува реакцијата во организмот, а со оглед на тоа што постојат неколку групи алергени, не постои универзален тест. Различни типови алергии бараат различни тестови.

Алергените се делат на контактни, нутритивни и респираторни. Токму од тоа што ја предизвикува појавата на алергијата зависат и симптомите со кои таа ќе се манифестира. Тие можат да бидат безопасни, како чешање на очите, кивање или чувство на затнатост, па се до многи сериозни, како на пример што е анафилактичкиот шок. Постојат повеќе начини за поставување дијагнози за алергиите. Испитувањата започнуваат со разговор со докторот и пациентот за семејната историја на болестите, прехранбените навики и работното опкружување. На тој начин се одредува групата на алергени врз кои ќе се испитува реакцијата. За попрецизна дијагноза се користат кожни, провокативни тестови и тест анализи на крвта. Кој е најсигурен од сите овие? Најчесто ќе слушнете одговор дека тоа е тестот за анализа на крвта.

 

 

alergija

 

Но, всушност овој тест е само помошно средство за утврдување на типот на алергијата. Во пракса, најчесто се користат кожните проби или т.н. прик тестови. Овие тестови се изведуваат така што на подлактицата со капалка се нанесува една капка од растворот со алерген, која потоа се внесува поткожно со убод со ланцета. Обично истовремено се тестираат неколку алергени, најчесто повеќе од десет. Во контакт со нанесените алергени се јавува реакција која ја потврува чувствителноста на организмот, а првите резултати се видливи веќе по 15 минути. Доколку клиничката слика и резултатите од кожниот тест не се поклопуваат, се користат тестови за одредување на антитела на имуноглобулинот Е (IgE) во крвта. Ако ниту еден од овие два теста не даде јасен резултат, дури тогаш се применуваат провокативните тестови, кои се изведуваат така што алергените се ставаат директно на слузницата од носот, бронхиите, очите или желудикот. Сепак, со оглед на тоа што можат да имаат несакани последици, овие се применуваат дури како крајна мерка.

Колку и да звучи страшно, алергиите не мора да бидат тоа. Се зависи од интензитетот на реакција на организмот. Не е редок случајот алергиската реакција никогаш да не се покаже, дури и кај оние кои имаат наследна предиспозиција за алергии. Лошата вест е дека се уште не постои лек против алергиите, но затоа постојат третмани кои ги ублажуваат симптомите.

Се поголем број луѓе патат од алергии

Британските научници утврдиле дека во периодот од 1990 до 2001 година, бројот на луѓе кои пателе од алергии се зголемил за 7 пати. Се проценува дека повеќе од 500 милиони луѓе во светот патат од некаков облик на алергиска реакција, а дека речиси секој човек за време на својот живот имал барем една алергиска реакција.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина