Високата интелигенција е секако предност, но не е и клуч за полесен, посреќен, поедноставен или поисполнет живот. Како одговор на тоа дали интелигенцијата може да биде и проклетство за некои, психолозите објаснуваат дека таа секако може да има негативни страни, што го потврдуваат и научните истражувања.

 

Особено интелигентните луѓе често размислуваат наместо да чувствуваат. Имено, тие можат да ги разбираат чувствата многу добро и да размислуваат и разговараат за нив, но проблемот е во тоа што често не чувствуваат олеснување при нивно изразување.

Тоа е чест проблем на многу паметните луѓе, посебно оние кои се изразуваат одлично. Тие се користат со зборовите како ,,димна завеса,,.

 

Помалку комуникативните и вербалните луѓе го користат своето однесување како издувен вентил, што значи и дека ќе викнат, ќе фрлат нешто, ќе се расплачат, ќе скокнат… високо интелигентните луѓе ќе зборуваат за тоа како се чувствуваат, а кога ќе завршат со разговорот, сите тие чувства се уште ќе бидат заробени – рекол психологот Маркус Гедулд.
Тој додал дека во тоа е клучната разлика помеѓу когнитивните и емоционалните вештини, па иако научниците не можат детално да објаснат како се тие поврзани, очигледно е дека високата емоционална интелигенција компензира за ниските когнитивни способности, при што особено паметните луѓе не мора да се потпираат на своите емоционални вештини за да ги решат проблемите.

При препознавање на високо интелигентните луѓе, општеството ќе очекува повеќе од нив – да бидат најдобри во се, без разлика за кое подрачје станува збор, па тие немаат со кого да разговараат за своите слабости или несигурности.

Тие имаат поголем притисок да успејат, поради што се под постојан стрес. Тоа е очигледно веќе во младите години – децата кои се поинтелигентни, генерално чувствуваат поголем немир.

Потешко ја учат вредноста од тешкото работење

Факт е дека интелигентните луѓе ќе знаат подобро да ги распределат своите задачи и побрзо ќе ги извршуваат истите, односно со помал труд од оној кој би му бил потребен да некој кој е помалку интелигентен. Сепак, интелигенцијата не води директно кон успех, а високо интелигентните луѓе можеби никогаш не развиваат упорност која им е потребна за работата.

 

Психолозите истакнуваат дека интелигенцијата станува проблем кога оние кои ја имаат откриваат во рана младост дека не треба толку многу да работат за да ги следат другите, па тие никогаш не развиваат добри работни навики.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина