8 намирници идеални за новите мајки
Породувањето е исклучително исцрпувачко искуство и по него на жените им е потребно многу време да закрепнат. Тоа би требало да вклучува и посебно мени кое ќе им помогне да ја вратат силата. Погледнете попис на осум намирници кои младите мајки треба да ги јадат за да бидат и тие здрави и нивните бебиња.
1. Боровинки
Богати се со антиоксиданси и благодарение на тоа се поефикасни во елиминацијата на слободните радикали во телото. Тие ги содржат есенцијалните витамини, минерали и мала доза јагленохидрати, кои можат успешно да ја задоволат гладта.
2. Бадеми
Богати се со витамин Е, калциум и протеини, кои се добри за коските и забите. Содржи и есенцијални масти, а познато е дека омега-3 масните киселини го зголемуваат производството на мајчиното млеко.
3. Коморач
Како и бадемите, и коморачот го зголемува производството на млеко. Скапоцените состојки од него во мајчиното млеко ќе помогнат да се ублажат коликите кај бебето. Може да се јаде свеж во салати или во облик на пијалок подготвен од неговите семки. Во четири филџани вода се додава една лажичка семки од коморач и се варат. Се остава да врие 5 минути и потоа се исклучува. Овој напиток може да се пие во текот на целиот ден.
4. Кафеава роза
Ја подига енергијата, а во истовреме и нивото на шеќер во крвта го оддржува на нормала. Содржи многу повеќе влакна и есенцијални нутритиенти од белата роза.
5. Зоб
Има лактогени својства, богато е со влакна и помага многу при анемија, што е чест проблем кај жените кои штотуку родиле. Поради тоа консумирањето на зоб е идеално за младите мајки, а најголема концентрација на оваа намирница може да се најде во зобената каша.
6. Лосос
Поради својата голема нутритивна вредност, оваа риба е една од најценетите намирници и поради тоа им се препорачува на сите. Лососот е полн со здрави омега-3 намирници, протеини и витамин Б12.
7. Спанаќ
Зелениот лисјест зеленчук, посебно спанаќот, е богат со фолна киселина. Спанаќот го поттикнува развојот на колегенот и ја закрепнува рскавицата, што и тоа како е важно за младите мајки кои имале царски рез.


