Иако се појавуваат како реакција на телото на нарушувањата во организмот, за време на пубертетот или после породувањето, мозолките на лицето можат да ги предизвикаат и некои секојдневни рутини или настани. Ви ја претставуваме картата на лицето и петте положби на кои најчесто се појавуват мозолки, а кои можете лесно да ги спречите. Дознајте што ги предизвикува и како можете да се ослободите од нив.

1. НА БРАДАТА, ВИЛИЦАТА И ВРАТОТ

Причина: Менструацијата

Хормоните како што е тестостеронот го менуваат нивото за време на менструалниот циклус, поради што жлездите лачат повеќе масти. Мастите можат да ги затнат порите на кожата и да предизвикаат мозолчиња. Појавувањето на поголем број мозолки може да биде поради хормонална нерамнотежа и нередовна менструација или обилни крварења.

Превенција: Ако имате вакви проблеми со кожата и редовно се борите против нив со производи за проблематична кожа, не чекајте мозолката да излезе на површината, туку почнете да ги користите производите за чистење на лицето кои содржат бензол пероксид седум дена пред да добиете менструација.

2. ПОКРАЈ РАБОТ НА КОСАТА

Причина: Производи за коса

Производите за коса се најчесто тешки и мрсни. Токму тие мрснотии се спуштаат на вашата кожа, поради што доаѓа до затнување на порите. Кожата почнува да се ,,задушува,,, што предизвикува настанување на мозолки.

Превенција: Одбегнувајте да нанесувате производи за обликување на косата близу коренот, редовно мијте ги рацете во текот на денот, штом ќе ја допрете косата. Ако забележите поголем број на мозолки, променете го производот за коса, а лицето секојдневно чистете го со тоник.

3. ОКОЛУ УСНИТЕ

Причина: Исхраната

Некои многу кисели намирници, како што се оцетот или лимонската киселина, можат да ја надразнат кожата и да предизвикаат воспаление. Од друга страна, мрсната храна, како што се чипсот и пржената храна, можат да предизвикаат затнување на порите и со тоа да предизвикаат создавање мозолки околу усните. Сличен ефект можат да предизвикаат и некои балзами и сјај за усни, посебно оние кои се нанесуваат со прсти.

Превенција: Секој пат по јадењето усните и лицето мијте ги или пребришете ги со влажно шамивче. Користете балсами за усни во стик и нанесувајте ги само на усните, никако околу нив. Ако забележите поголем број мозолки околу усните, сменете го сјајот за усни или престанете да го користите месец дена и следете ги промените.

4. НА ОБРАЗИТЕ

Причина: Бактерии и нечистотија

Се што во текот на денот вашето лице ќе допре повеќе пати, а не е дезинфицирано, е потенцијална причина за појава на мозолки. Најчеста причина е мобилниот телефон. Со потпирањето на уредот до лицето внесувате во порите од кожата нечистотија и бактерии.

Превенција: Имајте секогаш при рака антибактериски влажни шамивчиња и секојпат кога ќе се сетите избришете го екранот од мобилниот. Никогаш, ама баш никогаш не го допирајте лицето со рацете. Ако морате да го направите тоа, пред тоа темено измијте ги рацете со сапун

5. НА НОСОТ И ЧЕЛОТО

Причина: Стрес и напнатост

Напорниот ден исполнет со стресни и напнати ситуации е силен поттикнувач за да се појават мозолки на овие делови на лицето, познато како Т-зона. При стресни ситуации, телото почнува да лачи адреналин, кој може да предизвика зголемено лачење на масти, поради што кожата станува заситена и реагира со исфрлање мозолки.

Превенција: Мијте го лицето барем два до три пати седмично. Ако знаете дека во следните денови ве очекуваат некои многу стресни ситуации, спречете ги и направете детално чистење на лицето со средства притив акни и мрсна кожа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина