Токсините влегуваат во нашето тело од разни извори, од внатрешен и надворешен нечист воздух, пушење, пестициди, храна која содржи вештачки додатоци и многу други. Често се случува токсините да не го напуштат телото, туку да се таложат во него.

Дека телото ни е преполно со токсини, може да се препознае преку следниве седум знаци. Ако не измачува барем еден од овие симптоми, тоа може да упатува на преголема количина на токсини, а доколку чувствуваме повеќе од три симптими, тогаш може да бидеме сигурни дека на телото му е потребна детоксикација.

1. Несоница

Натрупувањето на токсини (посебно натрупувањето на естрогенот) е вообичаена причина за несоница. Ако имаме проблеми со спиењето, тоа може да значи дека е потребно да се изврши чистење на црниот дроб, затоа што несоницата често е поврзана со проблемите со црниот дроб. Напитоци од брокула, карфиол и сличен зеленлук ќе помогне за чистење на црниот дроб.

2.Летаргија

Ако се будиме уморни и тромави, а преку цел ден не следела летаргија, секако треба да размислуваме за детоксикација. Доколку се обидуваме да го надоместиме недостигот на енергија со стимуланси како што се кофеинот и тауринот, со тоа само ќе се влоши проблемот. Имено, по краткотрајното чувство на поголема будност, доаѓа до нагло опаѓање на ова чувство, по што ќе се чувствуваме многу поуморни од порано.

3. Главоболки

Хроничните главоболки кои постојано се враќаат можат да алармираат за преголема количина на токсини во телото. Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за тензични главоболки и за мигрена. Треба да се знае дека за време на процесот на детоксикација главоболкит можат да се влошат, но по нејзиното завршување тие треба во целост да исчезнат или барем значитело да се намалат.

4. Проблеми со кожата

Во отстранувањето на токсините од телото помага и најголемиот наш орган, а тоа е кожата. Доколку главнте органи за отстранување на токисните не работата како што треба, тогаш на помош притекнува кожата. Дека телото се обидува да се ослободи од токсините може да се препознае по необичните состојби на кожата, како што се осип и мозолки, односно акни. Многу проблеми со кожата укажуваат на тоа дека на организмот му е потребно чистење.

 

3. Жолт или бел јазик

Јазикот е важен показател во откривањето на количината на токсини во организмот. Храната која во себе содржи токсини може да ја наруши деликатната слуз на системот за варење, во кој спаѓа и јазикот. Ако на површината од јазикот е забележлив бел или жолтеникав слој, речиси со сигурност може да се каже дека системот за варење се бори против токсините

 

6. Насобирање на масно ткиво на стомакот

Токсините кои ги внесваме преку храната и пијалоците, но и оние кои ги вдишуваме, можат да поттикнат насобирање на масно ткиво на стомакот. Тоа се случува поради тоа што многу токсини кои се задржуваат во телото стигаат до абдоменот и тука остануваат. Единствено може да се отстранат со детоксикација.

7. Чувство на топлина

Еден од природните начини на кој организмот ги исфрла токсините е преку потењето. Кога во него има премногу токсини, тоа ќе се ,,прегрее,,, обидувајќи се да ги исфрли со потење. Затоа можеме да чувствуваме константно дека ни е топло, дури и тогаш кога надвор е студено.

 

Тагови: токсини
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина