Дуњата се употребува и за лекување на слузокожата на грлото, крајниците, дишните патишта и за ублажување на обилни менструации. Чајот од семки од дуња лекува несоница, ублажува напнатост и остранува непријатен здив, додека слузта од семките лекуваат изгореници и рани. Чајот од листовите од дуња е одличен природен лек за спречување на пролив.

Сируп за бронхитис

Народниот лек против кашлица и воспаление на дишните органи може да се подготви многу едноставно и од само неколку семки.
Подготовка: Издробете пет семки од дуња и прелијте ги со 100 мл. вода. Кога ќе се направи густа слузава маса, додајте 15 грама свеж сок од трипутец и 100 грама мед. Земајте по една лажичка три пати на ден пред јадење.

Сок за желудник

Тегобите со варење може да се елиминираат со сок од дуња.
Подготовка: Измијте и изрендајте еден килограм дуњи, па процдете ги низ газа. Сокот испијте го веднаш, бидејќи веднаш оксидира. Најдобро е да го пиете пред јадење.

Мелем за изгореници

Мелемот од семки од дуња може да биде од помош при лекување лесни изгореници и рани.
Подготовка: Издробете 10 грама семки од дуња, прелијте ги со 200 милилитри вода и почекајте да се создаде слузава маса. Нанесете ја на заболениот дел од телото, директно или како облог.

Препарат против брчки и испукани усни

Подготовка на лосион од семки: Ситно се сецка 1 лажичка семки, а потоа иситнете ги и прелијте ги со две лажици врела вода. Добро измешајте ги и оставете ги да отстојат 10 минути. Со овој препарат мачкајте ги испуканите усни и местата на лицето каде има изразени брчки.

Подготовка на лосион од корен од дуња200 грама кора од дуњи се држат две недели во три децилитри посилна ракија, по можност комовица. Потоа ракијата се процедува, се става во Три шишенца и се затвора херметички. Со подготвениот лосион се мачкаат деловите од лицето со брчки два пати дневно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина