Освен вишокот на килограми, со вежбањето можат да се регулираат и бројни здравствени тегоби. Болки во грбот, анкциозност, напливи на топлина, за се постои лек во вежбањето, разните видови тренинзи, но и во точно одредените временски периоди и траења.

 

1. Замор во текот на денот

 

Наместо да се потпирате на кофеинот, придвижете се. Оние кои вежбаат по два ипол часа во неделата имаат за 65% помал ризик да бидат уморени. Рецептот е во вежбањето јога, бидејќи така се отстранува несоницата.

 

2. Болки во грбот

 

Со вежби за јакнење на мускулите болките можат да се намалат за 30% до 80% во рок од 10 до 12 недели. Рецептот е двапати или трипати неделно правете вежби за јакнење на стомачните мускули и мускулите на долниот дел од грбот. Секоја вежба правете ја два до четири пати, со по 8 до 16 повторувања.

 

3. Слаба сексуална желба

 

Според едно истражување, оние жени кои вежбале по 20 минути на лента за трчање биле повозбудени при гледањето еротски филмови од оние кои воопшто не вежбале. Рецепт – забрзајте го работењето на срцето со танцување. Покрај тоа, со вежбање на одредени јога положби се подобрува протокот на крв во карличната зона.

 

4. Желба за храна

 

Спречете ја оваа вежба на два начина: со јагленохидрати или со вежбање. И двата ќе го подигнат нивото на допамин, но само еден од нив ќе има позитивен ефект за задникот. Рецепт – кога ќе почувствувате желба за слатки, одвојте 15 минути за брза прошетка.

 

 

5. Слаб имунолошки систем

 

Аеробик вежбите се природен начин за борба со настинките, бидејќи тие ги исфрлаат имуно-клетките и ги уфрлаат во крвотокот, каде тие потоа се борат против вирусите и бактериите. Рецепт правете кардио вежби не подолго од 90 минути, бидејќи во спротивно се зголемува ризикот од болести.

 

6. Напливи на топлина

 

Вежбањето помага да се оддржи здравиот индекс на телесна маса и да се намали стресот, кој може да предизвика напливи на топлина. Прошетка од половина час или трчање на подвижна лента го намалуваат чувството на топлина од 74% за 24 часа. Рецепт правете кардио тренинг по 30 минути, пет дена во неделата.

 

7. Анкциозност

 

Стресот докажано се намалува со кардио тренинг, бидејќи тој го зголемува лачењето на невротрансмитерите, кои го стабилизираат расположението. Рецепт – правете брзи кардио вежби наутро или опуштет се со нив на крај од напорниот ден. Ако е можно, правете ги надвор, бидејќи свежиот воздух во голема мера го поттикнува доброто расположение.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина