Јасно ви е колку е важно редовното чистење на лицето, но постои голем веројатност тоа да го правите неправилно. Еве некои највообичаени грешки при вашата рутина за нега на лицето. Постојат многу нешта поврзани со чистењето и миењето на лицето одошто си мислите. Докторката Макрен Алексиадес, професор на Универзитетот Јејл, ги истакнала некои од најчестите грешки и понудила корисни совети.

 

Одберете соодветно средтсво за чистење на лицето

 

Средството за чистење треба да помогне за правилно чистење на кожата на лицето и да ја подготви за останатите производи за нега на кожата, како што се серумите и кремите. Одлучете се за нежно и хидратизирачко средство за чистење на лицето кое успешно ги отстранува маснотиите и нечистотиите и кое нема да ја остави кожата на лицето сува, стегната и надразнета.

 

Прво рацете

Пред да почнете со чистење на лицето, темено измијте ги рацете. Не сакате бактериите од рацете да преминат на чувствителната кожа на лицето.

 

Млака вода

Миењето на лицето со студена вода за да се затворат порите е голема заблуда. Не само што студената вода или топлата ка шокира и иритиа кожата, туку ваквиот невнимателен третман предизвикува и пукање на капиларите на лицето.

 

Внимателно при нанесувањето средства за чистење на лицето

 

Никогаш не нанесувајте средство за чистење на лицето без претходно да го навлажните. Повеќето од овие средства се агресивни и треба да се разблажат со вода. Нанесете го средството на рацете и направете сапуница, а потоа нанесете го на лицето со нежни движења. Така полесно ќе ја измиете нечистотијата.

 

Измијте и повторете

Недоволното измиено средство од лицето ја суши и ги затвора порите.

Продолжете со миењето додека целосно не го измиете средството од лицето. Не заборавајте добро да и измиете деловите под очите и во близина на челото. Тие места се пропуштаат добро да се измијат и тоа доведува до иритација на кожата.

 

Не претерувајте со пилингот

 

Средствата за пилинг се наменети за отстранување на мртвте клетки од кожата и да ја направат кожата мазна. Но, ако го правите тоа често, может д го извадите и исушите новиот слој кожа, а тоа со тек на време ќе ја ослабне природната заштита на кожата на лицето.

 

А што е со вашата крпа?

Крпата којашто ја користите за бришење на лицето мора секогаш да биде мека и чиста. Не го тријте лицето со неа, кожата на лицето е чувствителна и преострото триење со крпата може да доведе до абразии и до брчки.

 

Завршете со хидратација

Нанесете хидратантна крема додека кожата на лицето е се уште влажна за да ја оддржите хидратацијата на кожата во рамнотежа.

 

Премногу добри нешта

 

Миењето на лице два до три пати дневно е здраво, но за време на чистењето се нарушува природната заштита на кожата, што предизвикува акни или што е уште полошо, црвенило на кожата односно розацеа.

 

Квалитетен ноќен одмор

 

Никогаш немојте да си легнувате без претходно да го исчистите темелно лицето од шминка и нечистотии. Ако кожата на лицето ја оставите нечиста преку ноќта, можете да предизвикате насобирање габички кои доведуваат до црвенила и иритација на кожата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина