Како нешто што е толку мало, колку што се големи повеќето од жлездите во нашиот организам можат да го диктираат нашето расположение, нашиот месечен циклус, густината на косата, нивото на шеќер во крвта, апетитот и нивото на енергија, метаболизмот?

Жената е хормонско суштество. Нејзиното здравје и убавина зависат од хормоните. Сепак, време е сето тоа да се промени, па затоа ве запознавам со петте хормони кои ги лачат некои од најважните жлезди во нашиот организам, телесните процеси кои тие ги регулираат, но и со тегобите кои настануваат како последица од гормонскиот дисбаланс.

 Хормони на штитната жлезда

УлогаШтитната жлезда лачи два главни хормони триодтиронин (T3) и тироксин (T4), а проблемот настанува поради нивното премало или преголемо лачење. Овие хормони ја регулираат телесната температура, метаболизмот, работата нa срцето и функционирањето на нервниот систем, а влијаат и на изгледот и квалитетот на кожата. Во двата случаи доаѓа до бројни нарушувања во организмот.
Знак дека нешто не е во редЗголеменото или намалено лачење на хормоните на штитната жлезда се одразува на работата на срцето, метаболизмот, нервниот систем, а кај жените и на репродуктивната способност. Хпертиреозата или зголеменото лачење на хормоните се манифестира со забрзан пулс, ненадејно срцебиење, зачесетниц столици, брзо и лесно заморување, нарушување на спиењето и слабеење. Кај намаленото лачење на овие хормони се појавува дебелеење и зиморливост. И двата случаи може да се појават психички проблеми, а најчесто се работи за заборавеност, кое околината многу брзо ја воочува отколку болниот.

Прогестерон

Улога: Го регулира функционирањето на нервниот систем и мозочните функции, го регулира нивото на шеќер во крвта, одговорен ее за здравјето на уринарниот тракт, ја чува густината на коските, го регулира нивото на вода во организмот, обезбедува добар сон, го штити организмот во стресни ситуации, мастите ги претвора во енергија, го регулира лачењето на хормоните на штитната жлезда и го подготвува организмот за бременост и породување.
Знак дека нешто не е во редДоколку нивото на прогестерон во организмот значително осцилира, доаѓа до зголемено паѓање на косата, хроничен замор, нарушување на менструалниот циклус, зголемена желба за слатки и дебелеење, забавување на метаболизмот, нагли промени на расположението, прескокнување на срцето, губење на коскената маса.

Хормони на паратироидната жлезда

Улога: Го регулира крвотокот и работат на органите, го спречуваат губењето на калциум во коските. Хромоните на паратироидната жлезда исто така помагаат за синтеза на витаминот Д.
Знак дека нешто не е во ред: Грчеви во рацете и нозете и аритмија укажуваат на недостигот на хормоните на паратироидната жлезда, додека симптомите на зголемено ниво на овие хормони доведува до дехидратација, создавање камења во бубрезите и остеопороза.

 

Кортизол


Улога:
 Засилено се лачи кога сме во стресна ситуација, го потпомага помнењето, го регулира нивото на шеќер во крвта, спречува да дојде до дехидратација на организмот и воспалителни процеси.
Знак дека нешто не е во ред: Зацрвенетост во лицето, зголемено опаѓање на косата, длакавост на лицето, остеопороза и нарушување на менструалниот циклус.

Грелин

Улога: Грелинот е познат како хормон на гладот и хормонот на апетит, кој сигнализира дека е време за земање храна. Кога неговото ниво ќе порасне во организмот, се јавува силна, ургентна потреба да се јаде нешто. Тој го поттикнува лачењето на желудочната киселина и на желудичнит есокови, без кои нема нормално варење на храната.
Знак дека нешто не е во редВеднаш после оброк чувствувате глад, немате никакво чувство на задоволство додека јадете ни потоа. До нарушување на нивото на овој хормон доаѓа како последица од недостиг на сон и премногу стрес.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина