Покрај одличниот фитнес предизвик и план на исхрана кој го има осмислено познатиот докор Оз, веќе за само 28 дена може да се добие сосема ново тело. Она што е најдобро во сето ова е што прво ќе се истопи салото на стомакот.

Оваа програма за слабеење е осмислена за да се намали надуеноста, да се согорат масните наслаги и воопшто да се намали обемот на стомакот за само еден месец. Основата на овој предизвик е здрава избалансирана исхрана и создавање навики за вежбање. Освен тоа, диетата е флексибилна – може да почнете кога и да посакате, а најважно е веднаш да се исфрлат некои намирници од исхраната. Тоа се пред се шеќерот, газираните и диеталните пијалоци и сите намирници со вештачки засладувачи, алкохолот, млечните производи и индустриски преработената храна.

За појадок, треба да се навикнете да консумирате половина авокадо, кое можете да го испасирате и да го намачкате како намаз на две парчиња тост од житарки од цело зрно. Авокадото е кралица – намирница на овој план, бидејќи во една половина од него има дури 10 грама здрави маснотии.

За ручек, ќе уживате во комбинацијата од овошје и зеленчук, како на пример салата од прокељ и јаболки или зелка и малини. Вечерата ќе биде составена од половина филџан житарки од цело зрно по избор – киноа, јачмен, просо, хељда или иста количина интегрални јапонски тестенини со 30 грама варено посно месо, кое може да се подготви на скара, или 30 грама грав.

Освен овие намирници, може да се одбере кој било зеленчук без скроб (зелен лисјест зеленчук) и да уживате во него неограничено. А во миговите на слабост, за меѓуоброк може да се грицкаат јаткасти плодови или да се изедат две лажици путер подготвен од нив (бадеми или кикиритки).

Во текот на денот, неограничено може да се ужива во хранливи зелени напитоци од зеленчук, како што се спанаќ и целер, и овошје, како што се на пример крушите.

Планк(штица) предизвик

Планк предизвикот (Штица – предизвик) трае исто колку што трае и диетата – 28 дена. Оваа вежба е толку одлична и интересна, што сигурно ќе сакате да продолжите да ја правите и по завршување на диетата. Не бара многу движења, ниту одзема многу време, а го затегнува секој мускул на телото.

1. ДЕН – 20 секунди
2.ДЕН – 20 секунди
3. ДЕН – 30 секунди
4. ДЕН – 30 секунди
5. ДЕН – 40 секунди
6. ДЕНодмор
7. ДЕН – 45 секунди
8. ДЕН– 45 секунди
9. ДЕН– 1 минута
10. ДЕН – 1 минута

11. ДЕН -1 минута
12. ДЕН -1,5 минута
13. ДЕНодмор
14.ДЕН– 1,5 минута
15. ДЕН– 1,5 минута
16. ДЕН– 2 минути
17. ДЕН -2 минути
18. ДЕН– 2,5 минути
19. ДЕНодмор
20. ДЕН -2,5 минути
21. ДЕН– 2,5 минути
22. ДЕН– 3 минути
23.ДЕН– 3 минути
24.ДЕН– 3,5 минути
25. ДЕН – 3,5 минути
26. ДЕНодмор
27. ДЕН – 4 минути
28. ДЕН– 4 минути

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина