Лилјанот се смета за многу декоративно цвеќе и цвеќе кое на многумина им е омилено. Но, она кое повеќето луѓе не го знаат е дека некои делови од него се лековити, како што се листот, цветот и луковицата.

Цветот и листовите на лилјанот се богати со витаминот Ц, танин и етерични масла, а луковицата покрај тоа содржи и холин и фитостерол.

Лилјанот или кринот како лек се користи за:

  • лекување исеченици, гребаници, рани како мелем
  • против болки предизвикани од чиреви
  • како масло за изгореници и смрзнатини
  • кај воспаленија на уши и нос
Рецепт за подготовка на тинктура од лилјан

Во сад ставете околу 20 иситнети цветови лилјан и додајте околу 1 литар комова ракијаЗатворете го и по три дена процедете ја содржината. Добиената течност користете ја за надворешна употреба. Може да се употребува за втривање на болни вени два пати дневно ако отстои околу 10 дена.

Рецепт против изгореници

Ако 50 цветови лилјан ги ставите во чиста и сува тегла и ги прелиете со 1 литар маслиново масо или бадемово маслоодозгора ставете газе и покријте ја со тацна, по 20 дена ќе добиете миризливо масло кое е чудесен лек против изгореници, но и за нега на лицето и телото.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина