Намирниците кои се често главна состојка на нашите омилени јадења можат да го забават метаболизмот и да доведат до вишок на килограми. За телото да ви биде здраво, потрудете уште денес да ги исфрлите овие намирници од менито.

Здравје можат да не чинат не само калориите кои ги трупаме на чинијата, туку исто така и видовите намирници кои доминираат на нашето мени. Не е исто дали ќе изедете зеленчук и преку него ќе внесете во организмот 100 калории или ако тие исти калории ги ,,испиете,, преку некои газирани пијалоци полни со шеќери и вештачки ароми. Некои од намирниците мора да ги исфрлите од фрижидерот, бидејќи можат да го оштетат метаболизмот штом ќе ги изедете.

Газирани слатки пијалоци

Не само што се слатки, туку се и засладени си најлошиот можен засладувач за нашето здравје – фруктозен сируп! Оваа супстанција често се среќава во брзата храна, а доведува до т.н. метаболички синдром!

Маргарин

Трансмастите се речиси исфрлени од сите пазари, но и денес можат да се најдат во маргаринот и во разни индустриски пецива. Трансмастите можат да доведат до нарушување во лачењето на инсулинот и со тоа да го забават метаболизмот и да придонесат за трупање на масните наслаги, посебно во пределот на стомакот.

Бел леб

Белиот леб и другите прости јагленохидрати брзо се варат, бидејќи немаат влакна кои би ги забавиле и кои би го натерале организмот да ги троши калориите за варење! Тоа моментално го забавува метаболизмот.

Неоргански јаболки

Истражувањата покажале дека пестицидите од неорганските овошја и зеленчуци го уништуваат нашиот метаболизам и влијаат на создавањето на масни наслаги! Посебно сме загрозени кога јадеме јаболки, бидејќи е познато дека јаболкото како овошје најногу се прска. Потрудете се да купувате намирници од органско потекло.

Растително масло

Омега-6 масните киселини кои ги внесуваме во нашиот организам преку растителните масла можат да го забават метаболизмот и да доведат до создавање на масните наслаги. Овие киселини прават нивото на инсулин во нашиот организам да се промени, што доведува до претворање на карбохидратите во масни киселини, но и до нарушување на лептинот, хормон кој му дава ситост на организмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина