Кога е во прашање негата на лицето, телото и косата, работите навистина можат да тргнат поинаку од посакуваното. Прочитајте како да се грижите правилно за себе и навреме да ги исправите грешките во секојдневните ритуали за убавина.

ubavina_naslovna

Нега на лицето

Го прекокнувате чистењето на лицето пред спиење

Ако ја прескокнувате оваа постапка ја доведувате во опасност вашата кожа, бидејќи големиот број на бактерии и нечистотијата кои се собираат во текот на денот можат да навлезат во порите. И не само што може да предизвика несакани акни, но , исто така, доаѓа до дехидрација на кожата , што предизвикува и предвремено појавување на брчки.

Ги стискате мозолчињата

Не ги допирајте мозолчињата и црнките, кои се на вашето лице! Моментот кога ќе се обидете да направите нешто, само може да предизвикате црвенило, инфекција и да настане дури и поголем проблем од првичниот. Во уште полош случај ќе ви остане лузна.

Нанесувате крем само на лицето

Освен лицето, и пределот на вратот и деколтето се подеднакво важни. Токму тие се најдобри показатели на годините , црвенилото, кафените дамки и брчките првенствено се појавуваат на овие места . Па затоа, кога ќе нанесувате крем на лицето, осигурајте се да ги намачкате и овие области. Автоматски ќе обезбедите да изгледате помлади во подоцнежните години .

Ги избегнувате анти-ејџ производите

Можеби мислите дека сеуште сте млади за анти-ејџ производите, но ако почнете да ги користите во своите дваесетти години, големи се шансите дека во четириесеттите години ќе изгледате десет години помлада. И за нив важи правилното нанесување на лицето , вратот и деколтето, не заборавајте.

Шминка

Користите подлоги кои ја гушат кожата

Ако користите подлоги кои се премногу тешки, лесно можете да ги запушите порите. Постојат различни подлоги кои и овозможуваат на кожата да дише, а истовремено ги покриваат недостатоците.

Ги виткате трепките откако ќе нанесете маскара

Ако се обидете да ги свиткате трепките веднаш по нанесувањето маскара,може да предизвикате да се скршат. Затоа ,постапката изведете ја по обратен редослед, односно прво употребете виткач на трепки, а потоа нанесте маскара. И внимателно употребувајте го виткачот, притиснете нежно само неколку пати , за случајно да не ги искубете трепките.

Грубо ги триете очите додека ја отстранувате шминката

Бидете нежни при отстранување на шминката. Кога ќе нанесете од средството на памук, прво нежно допрете го до окото и нека поседи малку за шминката да попушти,а потоа со нежни движења отстранете ја шминката. Грубите движења може да ја иритираат кожата околу очите , која е и инаку многу чувствителна, па дури и да доведе до пукање на капилари.

Не користите балсам за усни

Ова е особено важно во текот на зимскиот период, студот предизвикува пукање на усните. Дури и ако користите кармин , слободно прво намачкајте балсам како основа, а потоа додадете кармин во боја која ја сакате.

Нега на коса

Користите силни стегачи

Стегачите кои ви помагаат да ја стегнете косата обично не се добри за неа, со оглед дека кога го отстранувате од косата, со себе може да повлече неколку прамени. Осигурајте се да ги купувате оние кои се направени од ткаенина, и кои лесно може да се движат низ косата.И никогаш не користете обични гумени ластичиња за врзување на косата, тоа е најлоша можна опција!

Ги прескокнувате производите кои штитат од топлината за време на фенирањето.

Овие производи не се направени без причина. Во себе содржат супстанци кои ја штитат косата од влијанието на фенот и со тоа ја зајакнуваат косата. Некои од нив дури содржат и УВ фактор, кој е многу важен за време на летните денови и секојдневната изложеност на сонце.

Секојдневно ја врзувате косата во исто опавче

Ако ја кревате косата секој ден во иста позиција, ќе предизвикате слабеење на влакната и нивно пукање. Обидете се што помалце да ја врзувате косата во опавче, а ако веќе ја врзувате, менувајте ја позицијата .

Не се чешлате

Чешлањето на косата ја поттикнува циркулацијата на крвта, која води до фоликулите на косата. А колку е поздрава фоликулата, толку ќе биде и косата поздрава, а со самото тоа ќе биде и поблескава и посјајна .