Симптомите како зголемен апетит, чувствителни гради и раздразливост најчесто се поврзуваат со ПМС, но многу слични симптоми се јавуваат и при рана бременост. Имено, хормоните и во двата случаи предизвикуваат промени во телото, а за да може да се разликуваат ви ги претставуваме преку нивните разлики.

 

1. Имплантациско крварење

Еден од првите знаци за бременост, кој честопати може да се замени со менструацијата, е имплантациското крварење. Се појавува од 6 до 12 часа по зачнувањето. Тогаш ембрионот се вглавува на ѕидовите од матката и започнува лесно крварење проследено со грчеви. Со оглед на тоа што сите симптоми укажуваат на менструација, треба да се обрати внимание на количината на крварењето, која во овој случај е значително помала.

2. Чувствителни гради

Иако чувствителните гради се најчестите симптоми за ПМС, тие се и првиот знак за бременост, додека во вториов случај тие отекуваат, а ауреолите стануваат потемни. Освен тоа, чувствителноста на градите кај рана бременост не престанува по неколку дена, туку станува се позачестена.

 

3.Невообичаен замор

Исцрпеност за време на вообичаените активности, зголемена потреба за одмор, како и зачестена појава на замор, се првите знаци за бременост. Тие најчесто се појавуваат во првото тримесечје, кога телото се навикнува на новите промени.

4. Зачестено мокрење

Зачестеното мокрење кое не е проследено со грчеви и болки, како што е тоа вообичаено кај ПМС, е еден од симптомите за бременост. Тој се случува поради ширење на матката, која притиска на мочниот меур. За време на бременоста телото природно произведува повеќе течност, односно се јавува потреба за течности затоа што жедта е позасилена.

5. Мачнина и пречувствителност на мириси

Зголемената потреба за вкусови, слатко или солено, е добро познат симптом за ПМС, како и чувството на тежина во желудникот. Но, тој не е еднаков со чувството на мачнина проследенаосо повраќање. Имено, таквите нус-појави се јавуваат наутро и навечер, а добро се познати како симптоми за бременост.

6.  Вртоглавица

Наглите вртоглавици и чувството на слабост кај ПМС се јавуваат најчесто како последица на болките кои исчезнуваат со престанување на циклусот. Но, доколку овие симптоми продолжуваат долг период, а нема постоење на менструација, таквите симптоми укажуваат на бременост. Имено, слабоста предизвикува ширење на матката, која предизвикува пак притисок во артериите на нозете и пад на крвниот притисок.

7. Зголемена температура

Зголемената температура на телото и честите бранови на топлина се најчестите симптими на раната бременост. Зачестеното чувство на топлина најчесто е проследено со потење и со чувство на мала непријатност.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина