Бовен техника
Со оваа метода можат да се решат разни коскено-мускулни проблеми, шинувања, повреди, невролошки, психички проблеми и тегоби со дишењето. Иако никогаш се нема здобиено со формално медицинскоо образование, Австралијанецот Том Бовен во педесеттите години од минатиот век измислил единствен релаксирачки метод за лекување, за кој сам велел дека е „дар од Бога“. Најпрво тој и помогнал на неговата сопруга, која имала астма, а потоа ја проширил праксата до таа мерка што, според некои податоци, примал и по 13.000 пациенти годишно.
Благодарение на учениците и следбениците на Бовен и на својата докажана ефикасност, техниката на оваа техника е призната ширум светот, а од 2009 година почна да се користи и кај голем број терапевтски лекување кај нас. Техниката Бовен им помага секојдневно на луѓето да се изборат со разни тегоби. Оваа нежна и неинванзивна техника може да делува на кој било дисбаланс во организмот.
Бовен е холистички метод, што значи дека го релаксира телото на сите три нивоа – физичко, ментално и емотивно. Подразбира специфични движења кои се изведуваат преку меките ткива: мускулите, тетивите, лигаментите и сврзните ткива. Тие се стимулираат со лесен притисок, а потоа со ротирачко движење, со што се предизвикува ширење на нервниот импулс, но не само на местото на изведување на движењето, туку тој сигнал се пренесува низ целото тело.


