Истражувањето на ,,Harvard School of Public Health” покажало дека милијарди луѓе во светот патат од недостаток на витаминот Д. Ако одбегнувате да ја изложувате кожата на сонце, како и да консумирате одредени видови намирници и суплементи, тогаш можно е да сте дел од оваа голема бројка.

 

Витаминот Д е дел од групата од седум витамини кои се синтетизираат во кожата под влијание на сонцето, односно се во директна врска со изложувањето на ултравиолетовите зраци, а може да се најде и во храната, како што е рибиното масло, месото, млекото и млечните производи, жолчките и печурките.

 

На една просечна индивидуа дневно и се потребни од 5 до 10 микрограми, што е исклучително мала количина. Но, ако сте човек кој поголем дел од денот минува во канцеларија или во затворена просторија, а ги одбегнувате споменатите протеини и суплементи, тогаш можно е да сте од милијардата жители на Земјата кои патат од недостиг на овој витамин.

 

Суптилната, но сеприсутна болка во коските и зглобовите може да биде последица од медицински болести како што е артритис, остеомалација или фибромиалгија. Но за тоа непријатно чувство може да биде виновен и недостигот на витаминот Д. Овој витамин игра важна улога во оддржувањето на концентрацијата на калциумот во телото, придонесува за појаки коски и здрави заби, но го обезбедува и мускулниот тонус.

 

Ова се само некои од симптомите кои се јавуваат кога се има недостиг на витамин Д во телото.

 

 

Имате чести скршеници на коските

 

Телото престанува да ја гради коскената маса околу 30 години од живото, а недостигот на витаминот Д ги забрзува и влошува симптомите на остеопорозата, која вообичаено се јавува во третото животно доба. Затоа не зачудува тоа што оние кои имаат недостаток на овој витамин се посклони кон скршеници на коските од оние кои имаат соодветни количини во телото од овој витамин.

 

 

Чувствувате болка во коските

 

Суптилната, но сеприсутна болка во коските и зглобовите може да биде последица од медицински болести како што се артритис, остеомалација или фибромиалгија. Но, за ова непријатно чувство може да биде виновен недостатокот на витамин Д. Ако се сомневате во ова второво, треба да ја проверите вистинската состојба, која ќе ја открие една едноставна крвна слика.

 

 

Лошо сте расположени

 

Клиничката депресија во повеќето случаи е директно поврзана и со недостатокот на витаминот Д. Иако не постојат јасни докази за тоа, стручњаците веруваат дека недостатокот на витаминот Д влијае врз лачењето и количината на хормонот серотонин, кој го одредува расположението кај луѓето.

 

 

Претерано се потите

 

Претераното потење има бројни причини, а еден од нив е и недостатокот на важни супстанции во човечкото тело. Ако лицето ви ,,свети,, од голема количина пот која ја лачите, дури и кога телото ви е во мирување, се наоѓате во умерено разладено опкружување, а телесната температура не е повисока од 37 степени целзиусови, размислете за тест за откривање недостатокот на витаминот Д.

 

Чувствувате слабост и замор

 

Ако се чувствувате заморно и слабо и по квалитетен осмочасовен сон, можеби патите од недостаток на витамин Д. За сила на телото не е задолжено само железото, туку и овој витамин кој ја зголемува контролата на мускулите. Добра вест? За само половина година мускулната слабост можно е да се поврати со помош на суплементи кои го содржат витаминот Д.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина