Маската од квасец е во состојба да ја трансформира кожата на лицето на чудесен начин. Заслужено можеме да ја наречеме подмладувачка, а се благодарение на високата содржина на витамините Ц, Б и ПП во квасецот. Овие витамини, во комбинација со останатите супстанции (аминокиселините, ензимите и минералите), не само што ја прават кожата мазна и што го изедначуваат тенот, туку и даваат исто така и убава кадифеност.

Овој производ може да се најде во секоја продавница, а она што е најважно, за подготовка на маската се користи свеж квасец, не сув. Ова се само некои маски со квасец кои ќе ви помогнат да заблескате.

Маска со квасец за чистење на кожата на лицето

Ова е наједноставна, но и ефикасна масла за чистење на лицето од акни и митисери. А се подготвува на следниов начин: се раствора во топла вода мала количина на квасец, така што да се добие хомогена смеса. Така подготвената смеса се нанесува веднаш на претходно исчистено лице и се остава да стои додека сосема не се исуши. Потоа се мие со студена вода.

Хранлива маска од квасец за сува кожа на лицето

1 лажичке мед и 1 супена лажица брашно се мешаат со 20 грама квасец. Се разблажуваат со топло варено млемо додека да се добие хомогена смеса и се нанесува на лицето. Се остава 20 минути, а потоа се мие со топла вода.

Маска од квасец за масна кожа на лице

За оваа маска потребен е кефир (или јогурт) и 20 грама квасец. Маската се разблажува до конзистенција на ретка павлака и се нанесува на исчистено лице. По 20 минути, маската се суши, а потоа се мие со топла вода.

Маска од квасец за нормална кожа на лице

Се мешаат 30 грама квасец со 2 супени лажици топло млеко. Се нанесува на исчистено лице, се остава 15 минути и се мие со топла вода.

Избелувачка маска на лицето

Оваа маска, не само што ја избелува кожата, туку и ја храни. Се земаат 20 грама квасец и се мешаат со 2 супени лажици лимонов сок. Може да се користи и сок од грејпфрут или црвена рибизла. Потоа, садот во кој е маската се става во друг сад со топла вода и се остава 2-3 минути. По ова време маската се нанесува на лицето и на вратот и се остава 20 минути. Се мие со топла вода, по што се нанесува хидратантна крема.

Со маските од квасец не смее да се претерува. Тие се идеално решение за лицето, но само ако се употребуваат 1-2 пати неделно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина