Крварењата можат да бидат безопасни, но и индикатор за сериозни заболувања. Докторската дијагноза е неопходна, но постојат и послаби тегоби, кај кои растителните средства можат да бидат решение за краток рок. Еве некои од најдобрите.

 

 

Ајдучка трева

 

 

Ова е најпознато народно средство за таа цел. Научно е докажано дека има неверојатни способности, за разлика од другите растенија и хемиски препарати, бидејќи не предизвикува тромбоза.

 

Рецепт: една супена лажица ајдучка трева се става во емајлиран сад и се прелева со една чаша врела вода (два децилитри), се поклопува и се остава да се загрева на тивок оган, со мешање од 10 до 12 минути. Потоа се лади 45 минути на собна температура и се процедува. Испарената вода се надоместува со дотурање врела вода. Се чува на студено место, не повеќе од 48 часа, и се зема под четвртина чаша, три пати дневно, 20 минути пред јадење.

 

 

Коприва

 

 

Расте насекаде и има голема моќ да спречува крварење. Покрај тоа, помага за лекување на разни тумори и канцер на грлото на матката.

 

Рецепт: се прелеваат две супени лажици со половина литар врела вода. Се остава да отстои еден час, а потоа се процедува. Се зема третина чаша, три пати дневно.

 

 

Паламида

 

 

Најпознато својство му е дека спречува и помага кај изливи на крв во мозокот.

 

Рецепт: се мешаат три супени лажици иситнета сува трева и цветовите од растението, со половина литар вода. Се варат на тивок оган од четири до пет минути. Се остава да отстои два часа, а потоа се процедува. Се пие по половина чаша – три или четири пати дневно, половина час пред јадење.

 

Напомена: паламидата (лат. Cirsium arvense) е многу раширен плевел, кој кај нас не се употребува во народната медицина. Многу е ценет кај руските тревари.

 

 

Пиреј

 

 

Исклучително помага кај заболувања на црниот дроб и на белите дробови. Традиционално се користи во кинеската и тибетанската медицина.

 

Рецепт: се прелеваат четири супени лажици со еден литар врела вода. Треба да отстои еден час, а потоа се процедува. Се зема по половина чаша, три пати дневно, пред јадење.

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина