Што ќе јадете вечерва? Ова незадолжително прашање се почесто се поставува на необично место – во психијатриската ординација. Причина за тоа е што многу истражувања покажале дека начинот на исхрана не влијае само на здравјето на телото, туку и на здравјето на мозокот. Сознанијата за тоа врз основа на научните студии се обединети во концептот наречен нутритивна психијатрија. Исхраната е потенцијално најмоќната алатка која ја имаме. Помагајќи им на луѓето да го прилагодат начинот на исхрана, можеме да го подобриме менталното здравје и да го намалиме ризикот од појавата на психијатриски нарушувања.

Менталните болести не се само проблем на возрасните. Дури половина од сите долготрајни ментални нарушувања започнуваат на возраст од околу 14 години. Се проценува дека овој облик на болест напаѓа дури околу 17 милиони деца во Америка. Според тоа, се верува дека до 2020 година депресијата ќе биде втора водечка причина за работната неспособност, веднаш по кардиоваскуларните болести.

Неодамна направените истражувања покажале дека ризикот од депресија расте за околу 80% кај тинејџерите кои не се хранат квалитетно, споредено со нивните врсници, кои имаат поквалитетна исхрана. Пред пет години идејата на нутритивната психијатрија беше на самот свој почеток. Биле направени неколку истражувања кои истражувале одредени додатоци, на пример како омега – 3 масните киселини можат да влијаат врз расположението. Од тогаш се направени бројни истражувања кои ја откриле поврзаноста помеѓу исхраната и менталните болести – депресијата и анкциозноста, кај децата и кај возрасните. Денес, постои цела низа докази дека исхраната е многу важна за менталното здравје. Како што веќе претходно е докажано дека влијае врз физичкото здравје.

hrana21

Здравата исхрана штити, а нездравата е ризик фактор за појава на депресија и анкциозност. Исто така, постојат докази дека алергијата на храна може да има значајна улога во настанокот на шизофренија и биполарно нарушување. Речиси сите истражувања биле фокусирани на тоа како исхраната влијае на појавата на депресијата и анкциозноста. Сепак, се уште никој не докажал дали со исхраната може да се влијае на токот на депресијата или на други ментални болести, но овие истражувања се во тек.

Стручњаците предупредуваат дека, додека не се докаже дека исхраната може да се користи во лекувањето, не би требала да се користи како замена за лекови или за друг вид терапија. Она кое досега го утврдиле, испитувајќи ја исхраната во зачувување на менталното здравје, е дека сето она што го јадеме влијае врз работата на имунолошкиот систем, функционирањето на гените и на тоа како телото одговара на стрес.

Буквално, ние сме она што јадеме. Кога земаме намирници кои навистина не хранат, тие се претвораат во потеински ,,блокови,,, ензими, мозочно ткиво и невротрансмитери кои ги проследуваат информациите и сигналите помеѓу различни делови на телото и мозокот. Одредени хранливи материи доведуваат до промена на белковините на мозокот, што влијае врз зголемување на поврзаноста меѓу мозочните клетки. Исхраната богата со материи како што се омега три и цинкот го зголемуваат нивото на овие супстанции. Од друга страна, исхраната во која преовладуваат заситени масти и рафинирани шеќери имаат негативно дејство врз белковините на мозокот.

Одредени намирници имаат значајна улога во настанокот на менталните нарушувања, но можат и да ги влошат симптомите. Стручњаците, со цел да направат превенција, препорачуваат ограничување на внесувањето на шеќерот и масни преработени храни и умереност во земањето свежо овошје и зеленчук, како и намирници од цело зрно житарки. Путерот треба да се замени со маслиново масло. Клучно е да се земаат намирници кои содржат што повеќе хранливи материи, а што помалку калории.

Утврдено е дека ферментираните намирници, како што се кефирот, киселата зелка или јогуртот, кои содржат култури од живи бактерии и кои обезбедуваат добра средина во цревата, помагаат и во намалување на напнатоста, стресот и депресијата. Рибите, како што се лососот и скушата, ги обезбедуваат омега масните киселини, витаминот Б12, цинкот и селенот и други ,,засилувачи,, на мозокот. Црната чоколада содржи антиоксиданси кои го подобруваат протокот на крв во мозокот, го подобруваат расположението и помнењето.

За жал, западниот начин на исхрана, кој е широко распространет, содржи многу малку од споменатите добри намирници.

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина