Чест приговор кај жените е губењето на либидото, односно на сексуалниот нагон. Честопати овој симптом е поврзан со менопаузата, но возрасни жени од различни возрасти го губат сексуалниот нагон. Одредени стратегии можат да понудат значајна помош за ваквата состојба и за целокупната благосостојба. Најновите истражувања покажуваат дека секоја втора жена ги преживува симптомите на хормонско нарушување во целосна тишина. Речиси 80% од жените имаат искусено некаков вид на болка за време на месечниот циклус, a 70% од нив непријатните симптоми на менопаузата. Повеќето жени тврдат дека ниту докторите, ниту нивните партнери не ги разбираат физичките и емоционалните проблеми кои ги носи оваа промена. А освен врз здравјето, таа делува разорно и врз нивната самодоверба.

 

Посебно чувствителен период за жените е влегувањето во менопаузата, кога се јавуваат непријатни симптоми – промена на расположението, напади на топлина, зголемување на телесната тежина, губење на косата, ноќно потење и сувост на интимните делови. Повеќето од жените не се ни свесни за сите овие влијанија врз либидото како ни за третманите кои можат да помогнат во тоа. На многу од нив им е непријатно да го споделат овој проблем со својот доктор. Тие често му велат дека се под стрес и во депресија и почнуваат да земаат антидепресиви. За жал, многу лекови го влошуваат овој проблем. Многу од жените сфаќаат дека стресот не е главниот проблем, туку дека депресијата е всушност резултат од фрустрациите поради неизбалансираното либидо со она на партнерот. Затоа фокусирајте се на следниве пет области во кои можете да го поправите својот проблем.

 

Спиење

 

Либидото е само една од многуте области погодени од лошиот сон. Без квалитетен сон, телото нема да добива доволно одмор и енергија. За оние кои треба добро да се наспијат за да го зголемат либидото, треба да започнат лесна програма со вежби во вечерните часови. Истражете ја јогата како решение, бидејќи не го исцрпува телото и дава убаво чувство на опуштање како за телото, така и за умот.

 

Ден без стрес

 

Ако е стресот еден од главните проблеми кои предизвикуваат пад на вашето либидо и лош љубовен живот, потрудете се да го опуштите телото. Масажа, вежби и асоодветен одмор се силни решенија во борбата со стресот.

 

Б-комплекс витамините како и гинсенгот исто така помагаат во тоа. Здравата исхрана со ограничено консумирање на рафиниран шеќер исто така помага во оддржувањето на рамнотежата во телото. Ако депресијата е таа која ви создава проблеми, побарајте лекарска помош, со цел да ви помогне со други терапии.

 

Хормонски терапии

 

Заморот е често главен виновник за ниското либидо. Кога телото го чувствува тоа, нема сила да го издржи денот на оптимално ниво, па почнува да ја штеди енергијата. На биохемиско ниво, заморото и стресот го намалуваат нивото на одредени хормони, како  што се ДХЕА и тестостеронот. Иако овие често се сметаат за машки хормони, тие исто така им се потребни на жените во помали количини. Ниското ниво на овие хормони може да се надомести со цел да се зголеми либидото. ДХЕА може да се зема и орално, а тестостеронот е достапен на рецепт и обично им се дава на жените во облик на крема. Овие два хормони може да бидат ниски кај жените во менопауза. Нивното ниво може да се провери преку тестирањ ена крвта, урината или плунката. За многумина, надоместувањето на овие хормони исто така може да ги подобри сонот и расположението, а двата го будат либидото.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина