5 нешта кои треба да ги направите пред 10 часот наутро
За да бидете весели, убави и успешни, планирајте се во раните утрински часови. Речиси сите успешни луѓе ги прават овие работи пред 10 часот. Научниците објасниле зошто е тоа толку важно.
Напијте се чаша вода
Најдобро е денот да се започне со вода: таа овозможува да го разбудите дигестивниот систем и да го придвижите метаболизмот. Сите витки луѓе имаат навика да го започнат утрото со часа вода. Можете да додадете и неколку капки лимон.
Појадок
Појадокот е најкорисен оброк во текот на денот, а подобро е да не го одложувате за да не се прејадете за ручек. Појадокот нека ви биде исполнет со сложени јагленохидрати, како што се житарки, овошје и протеини, како јајца и сирење.
Истегнување
Што и да ви носи денот, важно е да се зпочне со добро истегнување на телото. На овој начин ќе го разбудите телото и ќе ја забрзате циркулацијата. Вежбајте јога или едноставно протегнете ги рацете, нозете, грбот и вратот. Вежбата ќе го зголеми протокот на крв во мозокот, а тоа вие потребно за ефикасно работење.
Планирајте го денот
Подобро е да планирате навечер и наутро, a во текот на појадокот погледнете ги своите планови. Но, ако немате време, најдобро е да планирате до 10 часот наутро. Докажано е дека јасниот план ја зголемува продуктивноста за повеќе од 70%.
Ги завршувате најтешките задачи
Постојат нешта кои ги одложуваме затоа што се плашиме, а потоа целиот ден ни помине во состојба на иритација и нервоза. Најтешките задачи направете ги пред 10 часот и ќе видите како следниот ден ви станува полесен и позабавен.