Многу ретко кога е намерно, но кога ќе се расипе расположението, многу е тешко да се вратиме на вистинскиот колосек. Зборовите навистина можат да ,,убијат,,. Ако не сакате да ја уништите страсната вечер со својот партнер или партнерка, никогаш не ги кажувајте овие зборови, зашто расположението ќе спласне во една секунда. Еве ги искуствата од мажите и жените.

  1. “Дали влезе?”

“Искрено, јас го поставив ова прашање само еднаш во животот. Не се заврши добро. Всушност, се заврши така што парнерот само што не заплака. Но, во моја одбрана, бев навистина љубопитна, бидејќи не можев да почувствувам ништо.”

  1. “Колку е часот?”

Поставувањето на ова прашање за време на секс во основа е основен код за ,,здодевно ми е,, и дека навистина имате попаметни нешта кои можете да ги правите во тоа време.

  1. “Го чувствуваш тој мирис?”

Понекогаш сексот не мириса убаво! Понекогаш телесните течности можат да добијат специфични мириси поради нечија диета, но тоа може да биде и од сешто.

  1. Кажи ми дека сме при крај.”

Оваа изјава е рамна на изјавата “Колку е часот?”, но е помалку суптилна.

  1. ” Имаш најсмешен оргазам – фаца!”

Дали некој воопшто има убаво лице сред оргазам? Се сомневаме. Значи, имајќи го тоа предвид, посебно кога сте сред оргазам, дека неговото/нејзиното лице изгледа чудно и искривено кога е на самиот врв од уживањето не само што ќе го уништи мигот, туку веројатно ќе го уништи и секој следен оргазам.

  1. “Секогаш ли мрмориш вака?”

Слично е и со критиките за лицето на вашиот партнер/партнерка за време на оргазмот.

  1. “Мислам дека нема да доживеам оргазам.”

Искреноста е најдобрата политика и не треба никогаш да се глуми лажен оргазам, но иако сте исклучително комуникативни, ова може веднаш да го уништи расположението.

  1.  “Почекај. Ми ѕвони телефонот.”

Тие телефони! Секогаш се упропастуваат. Доколку некој ве бара за да ви каже дека сте освоиле баснословна сума на пари, тогаш е ок да се јавите. Сето останато може да почека.

  1. “Мора да одам во тоалет.”

Да, тоа може да се случи за време на сексот и дефинитивно е подобро да заминете и да завршите со тоа, но потоа ќе треба да се вратите во креветот и да почнете се од почеток.

  1.  “Мојот/мојата поранешен/поранешна не правеше така.”

Можеби вашата/вашиот поранешен партнер бил Бог на сексот и ви недостасува секој ден, но тоа не значи дека треба да ја/го спомнувате додека сте во кревет со друг/друга. Ваквиот разговор е убиец на его.

  1.  “Имаш нешто меѓу забите.”

Никој не сака да има што било во устата за време на сексот, а што е уште поважно, никој не сака да знае дека има нешто зелено или друго во устата додека се обидува да ужива во сексот. Не се знае што е понепријатно: да се каже во средина на сексот или по сексот. Претпоставуваме дека зависи од тоа колку сте блиски со партнерот/партнерката.

  1.  “Те сакам.”

Ако имате секс со вашиот партнер/партнерка, сосема е во ред. Но, ако е авантура за една вечер, сте уживале во сексот и сте постигнале оргазам од соништата, кажувањето ,,те сакам,, навистина не е потребно. Веднаш ќе го расипете расположението.

Тагови: љубовсекс
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина