Делувањето на уште ден народен лек е срушено преку резултатите на една студија, која покажала дека капсулите со брусница ниту ги спречуваат, ниту ги лекуваат уринарните инфекции како што се мислело. Оваа студија е најнова по деценијата оптоваренамсо докази за тоа дали брусниците во кој било облик можат да ги спречат исклучително распространетите бактериски инфекции, посебно кај женската популација. Многу студии укажуваат на тоа дека верувањето за полезноста на брусницата е темелено на т.н. слаба наука, но тоа не ги спречило рекламирачите, па дури и некои здравствени работници, да ги препорачуваат сокот од брусница или капсулите од брусница како начин за одбегнување на непријатните и потенцијално рискатните уринарни инфекции.
 
Најновото истражување објавено во Интернет изданието на списанието “Journal of the American Medical Association,, користело строги методи и дошло до убедливи резулати. Во него стои дека здравствените работници кои ја поттикнуваат употребата на производите од брусница како метод за превенција на уринарните инфекции, им прават всушност лоша услуга на своите пациенти. Се наведува и дека треба да се спроведат дополнителни истражувања за да се пронајде ефикасен начин за лекување на инфекците, но дека е време да се тргне подалеку од брусницата. Студијата била спроведена над 147 жени во домови за стари лица, на кои по случаен избор им биле давани по две капсули со брусница или празни пилули во текот на една година.
 
Одделението за алтернативна медицина на американскиот Национален здравствен институт наведува дека луѓето кои мислат дека имаат уринарна инфекција, треба да појдат на доктор, кој ќе им постави дијагноза и ќе им препише терапија. Понатаму, тие треба да одбегнуваат и производи од брусница ,,наместо докажаните третмани пртив инфекцијата,,.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина