Одење на колена – кинески лек за сите болести
Одењето на колена им се препорачува на сите. Оваа вежба нема контраиндикации. Дури и оние кои имаат болки во колената и зглобовите можат можат да ја испробаат оваа ефикасна кинеска техника. Се покажало дека колената честопати болат поради атрофија на мускулите на грбот, нозете или рбетот. Кажано со други зборови, болка се појавува кај оние кои водат статичен живот.
Таоистички, одењето на колена помага во борбата со болестите на бубрезите и црниот дроб. Се работи за тоа што кај перничињата на колената се наоѓаат точки кои корисно се стимулираат при проблеми со внатрешните органи. Кинеската медицина ја признава оваа вежба како лек против сите болести. Навистина, ваквиот начин на одење, покрај другите физички активности, има многу предности. За оваа вежба треба да се одделат 15 – 20 минути секојдевно, само така резултатот ќе биде забележлив.
Како се изведува вежбата:
Легнете на под, поставувајќи под колената мек јорган или ќебе. Почнете да се движите полека, потпирајќи се исклучиво на колената. Поради преоптоварување на зглобовите, на почетокот можете да почувствувате болка. Кога мускулите на нозете доволно ќе зајакнат, болката ќе исчезне. Со изведување на оваа вежба секојдневно, многу брзо можете да ги ослабнете и нозете. И не само нозете, со оваа вежба можете да ги зајакнете и рамењата. Земете по еден тег во рака и додека одите на колена држете ги теговите рамно пред себе.
Оваа таоистичка пракса помага и за подобрување на видот, бидејќи околу тетивите на колената се наоѓаат точките кои се одговорни за правилна работа на црниот дроб, бубрезите и очите. Се препорачува да се оди со затворени очи – така ефектот ќе биде посилен!