mikro_naslovna1

Микробрановата печка во милиони домови го прави животот полесен. Сепак, експертите предупредуваат дека постојат одредени работи кои никако не би требало да се загреваат во микробрановата печка. Погледнете кои се овие нешта.

1.Мајчино млеко

Новороденчињата од мајчиното млеко ги добиваат клучните агенси кои се борат против бактериите. Во едно истражување, откриено е дека кога мајчиното млеко се загрева во микробранова печка се зголемува размножувањето на бактеријата ешерихиа коли и тоа 18 пати повеќе отколку млекото кое се греело надвор од микробрановата печка.

Млеко кое се загревало во микробранова печка на пониски температури имало намален износ на изоензими и исто така ги поттикнувало растот на бактериите опасни за бебињата.

2.Брокула

Брокулата многу брзо се загрева, па не е ни чудо што толку многу се користи во микробрановата печка. Сепак, било каква форма на готвење на зеленчук уништува одреден износ на хранливи материи од нив. Готвењето на пареа е најдобро, иако и тогаш се губи околу 11 проценти од антиоксидансите од брокулите. Сепак, со готвењето на брокулите со малку вода во микробрановата печка се губи дури и до 97 проценти од антиоксидансите.

3.Замрзнато овошје

Купувањето замрзнато овошје и не е навистина толку лошо, затоа што тоа се замрзнува кога е зрело и на тој начин ги задржува сите свои хранливи материи. Овошјето почнува да ги губи своите својства веднаш штом се собере, па затоа замрзнатото овошје може да има повеќе витамини и антиоксиданси во себе од она овошје свежо набрано, бидејќи тоа обично стои во магацините долго време.

Руските истражувачи во доцните седумдесетти години, откриле дека со одмрзнување на овошјето во микробранова печка, глукозидот и галактозата од овошјето се претвораат во канцерогени материи. Исто така , руски научници во деведесеттите години го откриле и негативното влијание на микробрановата печка врз имунитетот.

Затоа, замрзнатото овошје е најдобро да се одмрзнево фрижидер или едноставно на собна температура.

4.Замрзнато месо

Некои микробранови печки се ротираат, некои не, што може да доведе до нерамномерно готвење на храната. Замрзнатото месо е многу тешко да се одмрзне во микробрановата печка, бидејќи е потребно долго време, а често се случува краевите да станат кафени, додека средната останува замрзната .

Исто така, ако месото не се готви веднаш по одмрзнувањето, ризикувате размножување на бактериите во него. Јапонските истражувачи откриле дека ако месото се готви повеќе од 6 минути во микробрановата печка, губи голема количина на витаминот Б 12.

Најдобро е да го оставите месото да се одмрзне во фрижидер преку ноќта или да го одмрзнувате под вода.

5.Пластични садови

Држете ги пластичните садови далеку од микробрановата печка. Кога ја затоплувате храната во пластични садови, тие испуштаат токсични хемикалии право во вашата храна, а тоа може да биде и канцерогено . Хемикалиите кои можат да се испуштат од пластиката, исто така се однесуваат и на пластичните шишиња во кои се загрева мајчиното млеко. Затоа бидете внимателни со она што го ставате во микробрановата печка.