Сигналите што ни ги испраќа телото по некој пат можат да бидат многу суптилни и незабележливи. По некое време, од држење диета и изгладнување или нередовно внесување на храна (за време на празници, слави или емотивно стресни периоди или просто од неорганизиран начин на живот) сигналите за глад можат да бидат конфузни или дури и непрепознатливи. Во тие ситуации е многу важно да се имаат некои параметри или репери на кои можеме да се потпреме.

Глад и апетит

За почеток, важно е да направите разлика помеѓу гладот и апетитот. Гладот е физичка и физиолошка потреба, додека апетитот на некој начин е ,,естетска,, и емоционална потреба. Гладот ке не натера да побараме било каква храна, додека апетитот ќе биде пробирлив – ќе сакаме нешто крцкаво, нешто солено или само што сме се сетиле дека ни се јаде нешто слатко! Ви звучи познато? Некои луѓе овие два поими дури и ги нарекуваат ,,глад на стомакот,, или ,,глад на устата,,.

Разликуваме три типови на глад:

  • Механичка (физичка) глад
  • Хемиска (физиолошка) глад
  • Естетска глад

 

 

glad1

 

 

Механичка (физичка) глад

Механичката глад е најпроста за објаснување, разбирање и препознавање. Се јавува кога стомакот е празен, а често е проследена со препознатливо кркорење во стомакот, чувство на непријатност, па дури и болка. Настанува поради празен желудник и киселините кои делуваат во него. Ако веднаш не се делува на овие знаци, тие за некое време ќе исчезнат, но сигурно ќе доведат до другиот вид на глад – хемиска глад (физиолошка).

 

Хемиска (физиолошка) глад

Хемискиот глад е малку покомплицирана и посуптилна и е потешко да се задоволи. Се јавува кога постои некаков недостиг на подлабоко, клеточно ниво – од едноставен пад на шеќерот, па се до недостиг на некои витамини и минерали, како последица на умор или исцрпеност. Се манифестира во два вида: првиот вид се јавува ако доволно долго ја одбегнуваме првата, механичката, глад, па може да дојде до хипогликемија, односно пад на шеќерот. А вториот вид настанува по одреден период на несоодветна исхрана, прекумерно трошење на организмот, недоволно внесување на витамини и минерали. Ова може да доведе до сериозна состојба, како што е авитаминозата.

И во едниот и во вториот вид треба да го слушате својот организам, кој умее да испраќа сигнали и да го бара од нас она што му недостасува – дали е тоа малку шеќер, овошје, зеленчук…

Естетски глад

Естетската глад претставува желба за храна, вкус и сетило. Слична е со апетитот кој претходно го спомнавме или ,,глад на устата,,. Изразот ,,естетска,, овде повеќе се употребува за да се опише човековата потреба за вкус, мирис, уживање и чувство, кои ги создава одредена храна.

Емотивен глад

Емотивната глад честопати се поврзува со негативни и вознемирувачки ситуации или настани (осаменост, страв, анкциозност, страв, стрес, тага…) Овој вид на глад настанува нагло. Луѓето се склони недостигот на внатрешна исполнетост ја компензираат со друг вид на исполнетост стомакот. Тоа е добро научен и повторуван механизам, кој кај многумина е собран уште во најрана старосна возраст и служи со цел да се свртат и на некој начин ублажат непријатните и болни мисли.

 

Тагови: апетитглад
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина