5 навики за негувани раце
За да ги ублажите последиците од исушување и да им овозможите на рацете секогаш да бидат убави и негувани, испробајте некоја од овие едноставни техники.
1: Рацете измијте и со млака вода
Кога ги миете рацете, секогаш внимавајте водата да биде млака, а никако жешка или престудена, бидејќи големите разлики во температурата и штетат на кожата и интензивно ја исушуваат.
2: Не заборавете на редовниот пилинг
Еднаш неделно отстранете ги изумрените клетки и овозможете и на кожата на рацете да дише. Пилингот можете да го направите и едноставно ако во сад ставите малку маслиново масло и малку шеќер. Истријте ги нежно рацете, посебно делот помеѓу прстите и измијте ги.
3: Секогаш имајте со себе хранлива крема
Секогаш, посебно во зимските месеци, носете со себе хранлива крема за раце. Нанесувајте ја наутро пред да излезете од дома, за да се заштитите од студот, а во текот на денот по миењето на рацете и посебно навечер пред спиење. За да ја зачува својата убавина, кожата треба да се заштитува во текот на целиот ден. Така нема да се исуши.
4: Масажа на рацете за поубава кожа
Масажата му годи на целото тело, па така и на рацете. Секоја вечер пред спиење, со нанесување на хранлива крема, приуштете си 5-минутна масажа на рацете за да ја поттикнете циркулацијата во рацете и прстите и да овозможите подобро впивање на кремата.
5: Не заборавајте на гумените ракавици
Кога чистите низ домот или миете садови, секогаш носете на рацете заштитни умени ракавици. Разни детергенти и хемикалии интензивно ја исушуваат кожата и предизвикуваат оштетувања, а често и иритации, што се на се доведува до предвремено стареење на кожата.