Во изминативе месеци, медиумите пренесоа неколку стории за луѓе кои, кога ќе се најдат во близина на сигнал на безжичен Интернет, чувствуваат низа необични симптоми. Веќе извесно време луѓето за своите необјасниви главоболки, вртоглавици и кожни иритации ја обвинуваат чувствителноста на електромагнетни извори, а оваа состојба веќе е наречена електромагнетна претчувствителност. Учесниците во едно истражување, кое опфаќало луѓе кои тврделе дека патат од ваков вид на претчувствителност, рекле дека чувствуваат симптоми како што се главоболка и замор и дека тие се појавуваат секојпат кога се блиску до уреди кои емитуваат електромагнетни сигнали, како што се Wi-Fi станиците, мобилните телефони и компјутерите. Колку биле подалеку од овие извори на сигнал, толку симптомите биле поумерени. Меѓутоа, за време на истражувањето, луѓето биле изложени на електромагнетни бранови, но им било кажано дека брановите се исклучени и тие не можеле адекватно да го проценат присуството на сигналот.

 

Симптоми

 

Доктор Џејмс Рубен од Лондонскиот колеџ истакнува дека луѓето кои тврдат дека боледуваат од претчувствителност на електромагнетни бранови навистина имаат симптоми на болни, иако науката покажува дека овие бранови всушност не предизвикуваат никакви болести.

 

Иако Светската здравствена организација тврди дека луѓето кои патат од овој вид на претчувствителност имаат разни невообичаени симптоми, тие исто така истакнуваат и дека електромагнетната претчувствителност не може да биде медицинска дијагноза. Овие симптоми варираат од човек до човек, но воглавно се многу воопштени, што значи дека можат да настанат од различни причини. Така на пример, главоболката може да випорачува дека сте се настинале, или дека сте внесле преголема количина на кофеин. Од друга страна, вртоглавицата може да укажува на недостаток од сон. Иако го одвлекуваат вниманието, овие показатели обично не можат да им помогнат на докторите да го идентификуваат и третираат изворот на проблемот.

 

Во одделни случаи, луѓето кои пријавиле електромагнетна претчувствителност велат дека симптомите се подносливи и дека драстично влијаат на нивните животи. Така, родителите на едно 12-годишно дете од Масачусетс, САД, поднеле тужба против едно приватно училиште тврдејќи дека новите индустриски капацитети на Wi-Fi системот во училиштето довеле до здравствени проблеми кај нивниот син. Детето боледувало од главоболки, кожни иритации, осип, повремено крварење од носот и срцебиење. Овие симптоми докторите не можеле да ги дијагностицираат, со оглед на тоа што се појавувале само за време на училишните часови. А, претставниците од училиштето го отфриле заклучокот дека неговата болест настанала поради изложувањето на Wi-Fi сигналот.

 

Реакции

 

Во своите истражувања, доктор Рубен ги прегледал сите студии и ги анализирал сите симптоми кои можат да бидат поттикнувачи на ,,алергичност на Wi-Fi” кај луѓето кои ја пријавиле. Тој заклучил дека повторените експерименти не можеле да го прикажат овој феномен дури ни во контролирани услови. ,,Можеби Wi-Fi не е виновник, туку нешто друго има врска со овие симптоми,, истакнува Рубен. Различните здравствени услови, како и условите во животната средина, кои се разликуваат од поединец до поединец, можат да бидат одговорни за овие необични симптоми.

 

Уште еден од потенцијалните виновници за ваквите необични симптоми може да биде ноцебо ефектот, кој се нарекувамалиген брат на плацебо ефектот“. Под ова се подразбира дека личноста која верува дека има одредена болест навистина ги добива овие симптоми, односно дека оној кој е убеден дека е алергичен на Wi-Fi ги чувствува овие симптми дури и ако не се изложува на сигнали.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина