Ако секоја вечер се будите во одредено време, тоа може да открие што во телото не работи како што треба, односно дека протокот на енергија во одреден дел е блокиран или погрешно е насочен.

Традиционалната кинеска медицина и тоа како обраќа внимание на ваквите нешта. Во текот на 24 часа енергијата се насочува во различни органи со цел тие да се регенерираат и така да си ја вршат својата работа. Но, затоа што нешто е нарушено во таа енергија, доаѓа до промени.

Пронајдете го делот од ноќта во кој најчесто се будите и откријте што значи тоа:

21:00 до 23:00

Ова е време кога се балансира ендокринолошкиот систем, кој е задолжен за хормоните и метаболизмот. Ако имате проблеми со спиењето во тој дел од ноќта, тогаш сте можеби под стрес и ве измачуваат настаните кои сте ги преживејале во текот на денот или она што ве очекува во следниот ден. Тоа го нарушува протокот на енергија. До блокада на енергијата во ендокринолошкиот систем може да дојде и доколку не се храните исправно или ако јадете многу доцна.

23:00 до 1:00

Будењето во овој временски период укажува дека нешто ве измачува, односно дека се ризете поради нешто – можеби нешто што сте рекле или направиле. Ова е времето кога јин енергијата се претвора во јанг. Според древното кинеско верување, јин го симболизира женскиот аспект (негативното, темнината, влагата, ноќта и добрите страни на се), а јанг машкиот аспект (позитивноста, ведрината, цврстината, денот и доминантните аспекти).

Во ова време најактивна е жолчката, односно разградувањето на маснотиите во телото, па будењето во ова време може да укажува на консумирање на премногу нездрави маснотии.

1:00 до 3:00

Ако најчесто се будите во ова време, тогаш веројатно сте лути или фрустрирани, односно преполни сте со негативна енергија во текот на денот, па тоа се одразува и на спиењето. Секако мора да се опуштите, бидејќи тоа им пречи на процесите кои се одвиваат во вашето тело. Овој дел од ноќта е многу важен за телото, бидејќи тогаш најактивно ги исфрла отровите од телото, односно се детоксицира и се обновува. Црниот дроб ги испушта токсините, создава молекули кои се важни за варењето, придонесува за создавање нова крв и др. Ако нешто не е во ред со неа, ќе се будите во ова време од ноќта.

3:00 до 5:00

Тага и болка се можни причини за будење во ова време, ако го гледаме духовниот аспект на животот. Од физички причини, можно е да ви било студено додека спиете и процесите во телото не можат да се одвиваат правилно. Исто така, будењето во ова време може да укажува на проблеми со белите дробови и недоволен внес на кислород во организмот.

5:00 до 7:00

Во ова време активно е дебелото црево, а токсините кои биле профилтрирани и разградени во текот на ноќта, полека го напуштаат телото. Будењето во ова време може да значи или дека предоцна сте јаделе или дека имате навика да јадете лоша и нездрава храна преполна со разни штетни материи.

Тагови: сонспиење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина